Кризата зема жртви, 3100 Грци се самоубиле последниве 4 години
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2012 09:30
Расте бројот на самоубиства во Грција од почетокот на кризата, повеќе од 3.100 Грци се самоубиле во годините од економската криза. Според полициските податоци според, во 2009 година се самоубиле 677 лица, во 2010 830, 927 во 2011, а годинава само до август самоубиство извршиле 690 лица.
Иако не е потврдено дека сите самоубиства се направени поради економски проблеми, симптоматично е тоа што нивниот број нагло расте последните 4 години. Во полициските податоци сепак не се изнесуваат детали за овие самоубиства, како што се околностите во кои се извршени или возраста на починатите, јавија грчките медиуми. Од друга страна, според Еуростат во 2009 година Грција имала најниска стапка на самоубиства во Европската унија. На секои 100 илјади Грци пред три години имало три самоубиства, во споредба со просекот на ЕУ кој изнесувал 10,4. Бројките од полициските извештаи кои ги изнесе пред парламентот министерот за јавен ред Никос Дендиас, се поголеми од податоците објавени од неговиот претходник, Христос Папуцис на почетокот од оваа година, јавува весникот Катимерини. Според Папуцис, во 2009 имало 507 самоубиства, во 2010 бројката е 622, а 590 самоубиства биле регистрирани лани.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





