Кризниот штаб бара полициски час за Гевгелија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Март, 2021
Гевгелија, по Неготино бара воведување на полициски час.
Кризниот штаб во градот бара да се воведе полициски час во градот од 21.30 часот до 5 часот наутро поради растот на новозаболени од коронавирусот. Во нивното барање до Главниот координативен штаб на Македонија за воведување на полициски час на територијата на општината на неопределено време се наведува дека е потребно да се вратат претходните рестриктивни мерки и примена на мерките за заштита од ширење на вирусот. Се бара да се преиспита зголемувањето на пополнетоста на автобусите на 75 отсто и таа да се врати на 50 отсто, како што беше претходно. Од денеска, како што информираат од Кризниот штаб, се забрануваат групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива вода и Негорски бањи како и во планинските села Конско, Серменин и Ума.
Во изминативе два дена во Општина Гевгелија има 77 позитивни на Ковид-19. Бројот на активни е 255. Расте бројот на заразени и во Неготино и Прилеп.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.