29 Септември, 2024
0.0243

Кркате пилешко полно со антибиотици

Објавено во: Анализа 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемиот синџир за пилешко во светот KFC може да биде под притисок од потрошувачите и еколошките групи да го промени одгледувањето на своите кокошки. До тоа може да доведе изјавата на McDonald's Corp дека ќе помине на кокошки одгледувани без човечки антибиотици.

McDonald's ќе ја отстрани живината одгледувана со антибиотици, кои се важни за човековото здравје во следните две години. Компанијата така ќе ја намали загриженоста дека лековите во производството на месо го зголемија ризикот од појавaта на смртоносни "супервируси", кои не подлежат на третман. Во рамките на само неколку денови синџирот супермаркети Costco Wholesale Corp изјави дека исто така има за цел да ја елиминира продажбата на пилешко и друг вид месо, одгледувано со човечки антибиотици.

KFC е во сопственост на Yum Brands, која ја нема јавно објавено политика за употребата на антибиотици во месото кое го купува. Chick-fil-A, друг синџир ресторани со пилешко кој конкурира на KFC, изјави дека околу 20% од продаваното од неа пилешко е одгледано со помош на антибиотици. Компанијата изјави дека до 2019 година ќе цели да постигне 100% месо без антибиотици.

MsDonald's и Yum ги зголемуваат обидите да си ги вратат младите и богати клиенти во САД, кои се привлечени од синџири како Chipotle Mexican Gril и Panera Bread кои нудат месо без антибиотици и други квалитетни состојки. Пред две години рестораните на KFC во Кина имаа сериозен пад на продажбата, откако локалните медиуми објавија дека во фармите за птици кои снабдуваат за KFC, се користат прекумерни нивоа на антибиотици за кокошки.

"Возот ја напушти станицата", изјави Боб Голдин, консултант за прехранбени услуги во Technomic, коментирајќи го влијанието на McDonald's врз стандардите на производство во САД.

Yum, која е сопственик и на Taco Bell и Pizza Hut, одби да ги коментира стандардите за употреба на антибиотици во производството на месо. "Пилешкото, ко се продава во нашите американски ресторани е висококвалитетно според државниот стандард и е без антибиотици", тврдат тие јавно.

Изјавата за недостаток на антибиотици се однесува до недостатокот на остаток во понуденото месо во рестораните, а не за практиката да се даваат антибиотици на пилињата пред да бидат убиени, изјави Стивен Роуч, програмски директор на безбедноста на храната во Food Animal Concerns Trust.

Американското Министерство за земјоделство има три класификации за пилешко: A, B и C, и нема дефиниција "висок квалитет" за пилешкото. Пилешко тип А најчесто се продава во трговските синџири, а тоа со оценка Б и Ц најчесто се користи за дополнително обработени производи кај кои месото се сече или меле, тврди сајтот на Министерството.

K.K.