„Кроација ерлајнс“ продолжува да откажува летови
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2013
Паради големиот број боледувања на службениците, главно кај срјуардесите, хрватската авио-компанија „Кроација ерлајнс“ и денеска откажа повеќе летови. Како што пренесоа хрватските медиуми, член на Управата на компанијата најавил истрага за оправданоста на болдувањата, но и за лекарите кои ги одобриле.
Од вчера започнаа проблемите на авиопревозникот кога боледување пријавиле 39 стујардеси и стујарди, односно една петина од вработените. Од „Кроација ерлајнс“ истакнаа дека се извинуваат за проблемите поради откажувањето летови и им се заблагодарија на патниците.