Кроација со радост ги пречека првачињата на своите вработени
Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2025 16:18
Компанијата ја потврдува својата посветеност кон семејството и идните генерации
Првиот училишен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете и неговото семејство. Со голема радост и искрени желби за успех, компанијата Кроација осигурување денес организираше посебен настан за најмладите – првачињата на своите вработени. Настанот претставува симболичен почеток на едно ново поглавје, исполнето со знаење, другарство и училишни авантури.Во топла и пријателска атмосфера, децата беа пречекани со насмевки, пригодни подароци и искрени желби за успешен и безгрижен почеток на нивното ново животно поглавје – училиштето.
За родителите, компанијата обезбеди слободен ден, за да можат заедно со своите деца да го споделат овој значаен момент и да создадат незаборавни семејни спомени.
„Првачињата се иднината на Кроација и нашата најголема инспирација. Веруваме дека вложувањето во семејството и поддршката за вработените се темел за создавање стабилна и посигурна иднина. Ова е потсетник дека грижата за идните генерации е заедничка мисија, која започнува уште денес,“ изјавија од компанијата.
Настанот заврши со многу радост, фотографии и искрени детски насмевки. Компанијата најави дека и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на семејствата на своите вработени и негување на семејните вредности.
Со оваа активност, Кроација осигурување уште еднаш ја потврдува својата општествена одговорност и посветеноста кон креирање позитивна корпоративна култура.
Фокусот на семејството, поддршката за вработените и вложувањето во иднината остануваат водилка на компанијата, која континуирано реализира проекти со општествено значење.
ПР објаваГАЛЕРИЈА:
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





