05 Декември, 2025
0.0525

Кроасан и сок од портокал – француско испраќање на првите патници за Париз

Објавено во: Македонија 04 Април, 2014 19:22

Добивај вести на Viber

Авиокомпанијата „Визер“, ТАВ Македонија и Француската амбасада денеска ги изненадија првите патници на летот Скопје-Париз, испраќајќи ги на француски начин - со кроасан и сок од портокал. Првиот авион на „Визер“ на релацијата Скопје-Париз полета попладнево во 17:45 часот и во тоа исто време ќе лета два пати неделно - секој понеделник и петок. Од моментот кога било објавено воспоставувањето на оваа авиолинија до денеска се направени повеќе од 4.000 резервации, што за „Визер“ е доказ за популарноста на оваа дестинација и потребата на Скопје да се поврзе со Париз. „Нашата компанија е посветена на обезбедување рути за суми кои се неверојатно ниски, а бројот на линии веќе достигна 15. Денеска го славиме воведувањето на новиот лет до Париз и со нетрпение ги очекуваме многуте патници во двете насоки на оваа атрактивна дестинација,“ изјави Тамара Мешвениераџе, менаџер за корпоративни комуникации во „Виз ер“. На оваа релација ќе лета еден од новите авиони на „Визер“ од типот Ербас А320. Меѓу првите патници кои одлетаа за Париз со „Визер“ беше и француската амбасадорка во земјава Лоренс Оер. „Отворањето на директна авиолинија на релација Скопје-Париз претставува одлична можност за унапредување на односите меѓу двете земји, помеѓу претпријатијата, туристите и подобро откривање на атрактивноста на двете земји“, изјави Оер пред поаѓањето. Фото: Макфакс  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија