Кругман: Македонија треба да се посвети на сопствената инфраструктура
Објавено во: Економија 30 Мај, 2022 12:23
Подобрување на
патната инфратруктура заедно со инвестиции во транспортот сметам дека се едни
од клучните сегменти на кои треба да посвети вниманиe вашата земја. Иако не сум
запознаен детално со економијата, сепак, како копнена земја сметам дека
транспортното прашање, заедно со работната сила и образованието се меѓу
клучните сегменти на кои треба земјата да посвети поголемо вниманиe, заедно со инфраструктурата како еден од поважните сегементи. Ова го посочи нобеловецот
Пол Кругман на денешното излагање во рамки на меѓународната конференција
„Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“.
Професорот и истакнат американски економист на своето излагање појасни оти иако светската економија е во еден турбулентен период, сепак, не очекува годината светот да ја зарврши со рецесија, и дополни дека тешко може да се каже какви се изгледите, но очекува раст.
Кругман се осврна на повеќе теми во свооето излагање, меѓу кои и инфлацијата потенцирајќи дека истата е глобална и дека ја има и во САД и во Европа и насекаде во светот. Воедно тој се осврна и на влијанието на тековните случувања врз глобализацијата посочувајќи оти според него светот се повеќе се оддалечува од глобализацијата.
- Изгледите се дека се оддалечуваме од глобализацијата, и иако тоа се јавува како тенденција, сметам дека нема да дојде до целосно затворање на земјите. Трудоинтензивните дејности не очекувам да се вратат во развиените земји, тоа се големи инвестиции, но голема е веројатноста да се преселаат поблиску до развиените земји. Сепак, платите во земјите кои се поблиску до развиените се повисоки, но голема е веројатноста да се селат компаните од Азија во Централна америка, поблиску до САД. Додека пак за Европската унија тие што сакаат поблиску да се до Европа ќе се преселат во земји на Балканот, или во вашиот регион, иако платите тука не се ниски како во Бангладеш, но се пониски од Германија – посочи Кругман.
Добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман осврнувајќи на состојбите по кризата предизвикана и од пандемијата, но и од војната во Украина, истакна дека се чувствуваат последиците но засега не може да се зборува дали технички земјите ќе бидат во рецесија.
– Инфлацијата има високи стапки. Зборуваме за навистина прегреани економии. Пред некое време инфлацијата беше задржана само на одредени стоки, но сега гледаме дека таа се проширува. Добро е што економиите се жешки, но сега мислам дека е значајно тие да се оладат. Многу е важно да има еден период во кој економиите ќе растат побавно отколку нивниот производствен капацитет. Мора да се отстрани таа прегреаност. Дали ќе има рецесија во техничка смисла. Одговорот на тоа прашање е нејасен. Се разбира дека има можност за период на бавен, но не толку негативен раст и развој - рече Кругман.
Според него, економиите постепено ќе се вратат во својата патека, иако тоа тешко се менаџира. Објасни дека без разлика далиќе има или не, рецесија, сите ќе чувствуваме економска мака и болка. Сепак, тој посочи дека добра вест според него е што податоците, анализите, ниту истражувањата не покажуваат дека инфлацијата станала дел од нас и оти е вкоренета во глобалната економија.
Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии чија цел, како што истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими е да овозможи дебата за јавните политики на теми релевантни за Македонија и за Југоисточна Европа, преку годишни конференции, повремени семинари и портал за анализи и коментари.
П. О.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




