30 Ноември, 2024
0.0390

КРУШЕВО И БЕРОВО: Две оази со чист воздух, бега ли таму народот за викенд?

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Берово и Крушево се две палнински гратчиња каде има чист воздух, за разлика од Скопје, Тетово, Куманово, Битола, па и Струмица кои се екстремно загадени.

Со 1.350 метри надморска височина, Крушево претставува највисокиот град на Балканот, додека Берово е на 986 метри надморска височина во Малешевијата. Жителите на овие две гратчиња велат дека немаат индустрија, нема фабрики, нема работа, ама чист воздух има. Градовите се мали, така што секаде може да се отиде пеш.

„Крушево отсекогаш имало чист воздух и никогаш немало загадувачи. По 30 јануари има два - три дена со магла, но тоа е многу кратко. Сите постари луѓе кои заминале од овде поради егзистенција, а куќите не ги продале, се враќаат, седат по 10- 15 дена колку да ги наполнат батериите. Ние постарите сме врзани за Крушево, можеби заради годините.  И младите доаѓаат за викенди како туристи. Петок, сабота, недела има гости од други места“, вели крушевчанка која издава вила за туристи.

Жаклина Реџовска, екологист од Берово вели дека во однос на Скопје, Берово има многу почист воздух, но сепак не е како порано.

„Сега во Берово има парно во многу домаќинства, луѓето не внимаваат, горат и гуми, јаглен, така што не е како порано. Но, во излетничките населби во Берово воздухот е чист. Луѓето се иселуваат и ретко се случува некој од постарите да се врати овде дури и да има куќа“, вели Реџовска.

Мирјана Дудуковска, веќе 8 години живее во Берово, откако се пензионирала. Вели дека забележува голема разлика меѓу воздухот во Скопје и Берово.

„Визуелно таа разлика ја забележувам, затоа што кога ќе дојдам во Скопје се гушам, а во Берово штом се вратам одам пеш за да ги испразнам белите дробови и да дишам чист воздух. Берово има зеленило, шума, нема индустрија, нема толку згради“, смета Дудуковска.

Додава дека младите го напуштаат градот, и единствено греењето на дрва може да придонесе за некоја мала загаденост на воздухот, која е незначителна во однос на она што го има во другите градови.

Во одредени скопски населби деновиве се измерени над 500 ПМ 10 честички на 100 микограми воздух, што е поразително.

Скопје со денови е во топ 10 најзагадени градови во светот.

Состојбата беше подобра синоќа, најверојатно поради ветерот, по што Скопје се симна од „црната листа“ и беше 49-ти најзагаден град во светот. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ?! - опозиционерите обвинуваат „прекршен е деловникот“, за Славески одлуката е легитимна

ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ?! - опозиционерите обвинуваат „прекршен е деловникот“, за Славески одлуката е легитимна

УАСПЕНИ ДВЕ ЛИЦА КОИ ИЗВРШИЈА ГРАБЕЖ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - се вклучи и интервентната полиција

УАСПЕНИ ДВЕ ЛИЦА КОИ ИЗВРШИЈА ГРАБЕЖ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК - се вклучи и интервентната полиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осум дена притвор добија три лица поради уништување на државното знаме

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осум дена притвор добија три лица поради уништување на државното знаме

„ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ“: пријатно изненадување за градоначалникот на Куманово

„ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ“: пријатно изненадување за градоначалникот на Куманово

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСА ЗАКЛУЧОКОТ - градоначалничката да достави измени на надоместокот за превоз на патници

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСА ЗАКЛУЧОКОТ - градоначалничката да достави измени на надоместокот за превоз на патници

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов