Кучи: Централната власт го кочи локалниот економски развој
Објавено во: Економија 21 Мај, 2013 20:53
„Вината за досегашните слаби вложувања од страна на ислениците е можеби во формата на организирањето на бизнисот, но клучен проблем се законските одредби кои често се двосмислени, а тоа не им дава сигурност, освен декларативна, да инвестираат во Македонија. Генератор на овие проблеми е централната, а не локалната власт зашто секој градоначалник сака инвестиција повеќе во својата општина“, изјави денеска Мендерес Кучи, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, за време на заедничката средба со градоначалниците од оваа област и министерот за економија Ваљон Сараќини.
Кучи посочи дека компаниите од локалната самоуправа очекуваат конкретна, не само формална соработка.
„Во општините гледаме вистински, стратегиски партнер за разлика од Владата која не користи само за собирање даноци“, додаде претседателот кој побара да се обрне поголемо внимание на дијаспората која како што рече, претставува голем неискористен потенцијал.
Од Министерството за економија најавија дека ќе помогнат во реализацијата на проектите за локален економски развој.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




