Кулинарско шоу во Gold Felicia – Mark de Jong ја освои Битола со вкус и стил
Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2025 16:09
Неделното попладне во Gold Felicia – Битола се претвори во вистинска кулинарска магија. На сцената на ресторанот настапи еден од најпознатите шефови во Македонија, харизматичниот Mark de Jong, кој пред очите на гостите заедно со нашиот шеф на кујна Оливера и нејзиниот тим, создаде мени полно со вкусови, бои и енергија.
Гостите уживаа во специјално креирани јадења кои за првпат беа подготвени токму за овој настан:
Козјо писмо – оригинално предјадење со автентичен спој на вкусови.
Кралот на реката – свежа интерпретација на лосос во стил на Mark de Jong.
Зорба оризато – модерна верзија на медитерански вкус.
Gold Beefsteak – специјално креиран бифтек инспириран од имиџот на Gold Felicia.
Благ облак – десерт кој ја воодушеви публиката со својот уникатен изглед и вкус.
Шеф Mark не беше само готвач – тој беше и водител на едно мало шоу, разговараше со гостите, се фотографираше со нив и објаснуваше зошто зачинот љубов е најважниот дел од секое јадење. Атмосферата дополнително ја збогати групата The Groove, која со својата музика внесе ритам и емоција во попладневниот настан.
Оваа недела Gold Felicia покажа дека не е само симбол на кабарето и концертите, туку и место каде гастрономијата добива ново лице. Настанот заврши со многу насмевки и аплаузи, но и со една важна најава:
Само во месец октомври, специјално подготвените јадења од гастрономското шоу со Mark de Jong ќе бидат достапни во Gold Felicia како дополнителна понуда надвор од редовното мени. Тоа значи дека сите кои немаа можност да присуствуваат на настанот ќе можат сепак да ги вкусат овие уникатни рецепти – но исклучиво во текот на октомври.
Ресторанот на Gold Felicia продолжува да го развива концептот каде храната и музиката се спојуваат во едно искуство. Со вакви настани, ресторанот се позиционира како нова дестинација за сите кои сакаат да доживеат повеќе од обичен ручек или вечера – тука секој момент е приказна, а секое јадење мало уметничко дело.
Повеќе фотографии погледнете на GoldFeliciaCabaret
Пр Објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





