14 Мај, 2024
0.0391

Култот на супер-богатите: Измама за обичните

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Богатите не се само туку така различни од нас обичните смртници: тие прераснуваат во култни суштества кои нас, како членови на општеството, не заведуваат и водат и не обликуваат. И богатите плачат- но од среќа.. Следбениците на богатиот стил на живот робуваат на сјајот на стоковните куќи како Herods или ТВ серија "Dountaun Ebi", вртејќи мантра за тоа како "алчноста на неколку луѓе за огромен имот богатство значи просперитет за сите." Она што веќе некое време го сфаќаме е тоа, кажано со спортска фраза, дека во Велика Британија и пошироко, постојат само две страни, „две екипи“ кои се всушност во игра: 1. Супербогати и 2. Други. Богатите не се само туку така различни од нас обичните смртници: тие прераснуваат во култни суштества кои нас, како членови на општеството, не заведуваат и водат и не обликуваат. Ние сме повикани да ја заиграме играта на самозалажување, која нè тера да веруваме дека играме со истата улога како и они, додека, во исто време, ги обожаваме нивните идеали – со тоа влегуваме во процес наречен "аспирација", пишува за Гардијан професорка по англиски јазик на Кембриџ, Пријамвада Гопал. Постигнувајќи го својот зенит во оваа доба од годините, за време на нашето учество во култните ритуали од типот "купи, троши, трупај преку секоја“, придонесуваме за стишување на нашите, всушност многу причински, критики на сметка на расфрлувањето на богатите, бидејќи - со учество во шопинг лудило – го разблажуваме своето незадоволство од општествената експлоатација. Ете од каде ни нам идеја, за 20 фунти во Зара да купиме ѓердан " идентичен со оној на Војвотката од Кембриџ која го носеше со фустан од неколку илјади фунти" – еве ни доказ дека и таа, поради тој и таков ѓердан, „иста, баш како и сите нас останати“. Слушаме дека кралицата доста неволно дала една шака индиски ореви на полицајците кои ја чуваат неа, нејзиното семејство и палатата. Ова наводно се интерпретира, повеќе како израз на нејзината ексцентричност, отколку како соодвтена метафора за дикинсовиот злобен дух кој е во основа на секоја селективната концентрација на богатство. Култовите збогатени со спектаклот на изобилство наменети се за потпалување на нашата опсесивна почит кон богатството. Богатите клинци, кои на Инстаграм прикажуваат што се поседуваат и да, се, ох, „непростувачки супер-богати“, па затоа можат да прават се што сакаат, бидејќи имаат повеќе пари од тебе, својата популарност и понатаму ќе је поттикнуваат со штампање книги и ријалити шоу програми. Богатите во медиумите уфрлуваат „шик на штедливоста“: познати фудбалери купуваат во продавници „се за едно евро“, или експерт за недвижности, милионер секако, кој не подучува „како сами во својот дом, со своите десет прсти, да креирате проект кој може успешно да се продава“. Тука се наметнува и фактот дека супер-богатите фрлаат нешто малку трошки од својата маса богатство, давајќи дури и смешни суми за добротворни цели. Или нам на ум ни паѓаат и такви, добродушни, раскошни како принцот Вилијам: тој со задоволство прави зимски гали вечери за бездомници, примајќи ги во својата палата Кесингтон, чие што одржување го плаќаат обичните даночни обврзници – додека незамисливо богатиот принц, во тој момент, во медиумите речиси добива статус на светец. Со култот на богатите, кој ни го сервираат богатите, а кој го поткрепуваат токму оние кои се сиромашни, се пропагира идејата дека огромните економски разлики кои денес постојат во општеството се сосема природна појава, со став дека победникот зема се, или барем најмногу, како што и всушност му доликува на секој култен херој – а сето тоа го заслужуваат богатите, бидејќи, ете се попаметни од нас... ги претвораме во херои.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама