Кумановци за два месеци ќе можат да се греат на природен гас
Објавено во: Економија 05 Јули, 2013 12:16
Најмалку 20 институции и фирми и стотина семејства во Куманово наредната грејна сезона ќе се греат на природен гас, бидејќи веќе се приклучени на гасоводната мрежа, велат од кумановското јавно претпријатие „Куманово гас“,
Претпријатието сега очекува Регулаторната комисија за енергетика да му ја прошири лиценцата.
За два месеци физчките лица ќе може да се приклучат на гасоводната мрежа информираат од Јавното претпријатие Куманово Гас.
„На оние кумановци кои се заинтересирани зимите да ги поминуваат во простории затоплени со гас ќе им требаат по 800 евра“ информира директорот на јавното претпријатие Момчило Мирчевски.
Во Куманово досега се поставени 16.260 метри гасоводна мрежа, а приклучени се петнаесетина објекти, меѓу кои образовни институции, градинки, домот за стари лица, административните згради на општината, јавното претпријатие Водовод и други претпријатија.
„Од физички лица не очекувавме дека ќе има толку голем интерес, бидејќи ова е нешто ново не само во Куманово, туку и пошироко. Имаме нешто повеќе од сто барања за приклучување кон нашиот дистрибутивен систем. Физички лица доаѓаат, си потполнуваат барања, поднесуваат документи и очекуваат од почетокот на грејната сезона да се греат на гас“, изјави директор на „Куманово гас“, Момчило Мирчевски.
Сегашната цен на гасот е 34 денари за метар кубен.
Тоа е цената која ја донесе Советот на општина Куманово пред неколку месеци, 12% од набавната цена на гасот.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




