19 Декември, 2025
0.0451

КУМАНОВЕЦ НА СТУДИИ ВО МОНПЕЛИJE: Франција нуди многу можности, тука се цени квалитетот

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016 09:30

Добивај вести на Viber

Дваесет и едногодишниот Никола Тошиќ од Куманово престојува во Франција веќе три години и е студент по Хемија на материјали во градот Монпелије.

Според просекот Тошиќ е трет во генерацијата. Тој го усоврши францускиот јазик преку билингвалната паралелка во Гимназијата „Гоце Делчев“ во неговиот град, по што му се укажа можност за студии во Франција.

Овој млад човек раскажува дека во оваа земја се цени квалитетот и не е важно кој од каде доаѓа, туку какви способности има. Вели дека Франција има многу поволности кои им се нудат на младите, како за студирање така и за вработување.

„Доколку некој поседува квалитет, речиси и да не постои разлика помеѓу француски и странски студент . Воопшто од студиите во Франција, во Монтпелије, сум многу задоволен, така што планирам и да ги докомплетирам моите студии во оваа земја.  Наредната година ќе ги започнам студиите по Мастер во областа Хемија и инженерство на материјали и обновлива енергија, воедно сум и стипендист на француската влада. Согласно слободното време што го поседува еден просечен студент може да дојде до работа со што би ги подмирувал основните трошоци за живот. Работите кои се најдостапни за студентите се наоѓаат претежно во угостителскиот и продажниот сектор, кои како што напоменав обезбедуваат околу  1000 евра месечно со неполно работно време, но кои се и повеќе од доволни за еден студент“ - објаснува Тошиќ.

Тој наскоро ќе посетува пракса за која ќе добива и соодветен надомест. Двомесечната пракса ќе се реализира во истражувачки центар IEM ( Instutitut Européen de Membranes) и има за цел да синтетизира нови хемиски материјали кои би се користеле во доменот на обновлива енергија.

„Темата е доволно футуристичка и според моите тутори, претставува еден ран почеток за големи научни откритија.  Според француските закони, за пракса од најмалку два месеци, секој стажист прима надомест од околу 3,60 евра по час, со што во текот на двата месеци мојот надомест би бил околу 1000 евра за 308 одработени часови“- вели Тошиќ.

За тоа дали ќе се врати во Македонија и кои му се плановите за во иднина, вели дека нема ништо дефинирано засега.

„Зависно од докомплетирањето на моите студии и побарувачката од работен кадар како мојот, уште не сум се одлучил каде ќе бидам во иднината. Секако Франција е земја која нуди многу можности и поволности, но зошто и да не Македонија, ако состојбата се промени во блиска иднина ( во однос на развитокот на науката се разбира). Во Монтпелије има околу дваесет Македонци во моментот, претежно студенти од кои и неколу докторанти. Ние сме во постојан контакт, и можам да кажам дека напредуваме со солиден успех во нашите студии во Франција“ - кажа Тошиќ.

За Монтелије вели дека е космполитски град, со измешани култури, а за земјата додава дека квалитетот помага полесно да се дојде до договор за работа, и работничките права се почитуваат.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?