19 Декември, 2025
0.0382

Бизнисменот Горан Митров, по фабрика за канабис, ќе произведува и струја

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2022 07:40

Добивај вести на Viber

Кумашинот на поранешниот премиер Зоран Заев, Горан Митров - Гна, очигледно ги следи модерните бизнис текови, па последната амбиција му е влегување во бизнисот со електрична енергија.

На крајот од овој месец, струмичкиот бизнисмен ја регистрирал компанијата „Грин Енерџи Гна“ во Сушица, Општина Ново Село, а за управител е поставена неговата ќерка, некогашната популарна инфлуенсерка Љупка Митрова.

Не е познато од кои обновливи иозвори на енергија ќе се произведува електричната енергија, но на крајот од минатата година Митров во Сушица започна бизнис со млеко, па останува да се види дали струјата ќе се произведува од биогасна централа.

Освен млекарницата, Митров истовремено формираше и фабрика за одгледување канабис, исто така во Сушица. Податоците од Централниот регистар покажуваат дека струмичкиот бизнисмен на 13 декември поднел пријава за основање на друштво за производство, трговија и услуги „Канабис ГНА“. Дејноста е одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата.

На истиот ден Митров поднел пријава за основање на „Млекара ГНА“, за преработка на млеко и производство на сирења, исто така во Сушица. Митров е познат како амбициозен фармер во Струмица и околината, но и по тоа што во некои медиуми веќе се пишуваше дека му е кумашин на премиерот Заев и бизнис-партнер со членови од неговото семејство.

Синот Душко и братот Вице на поранешниот премиер неодамна основаа компании за производство на електрична енергија, а големи амбициозни потфати со соларните централи имаат неговите бизнис-партнери - синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд