29 Септември, 2024
0.0288

Куновски: Ништо не се менува - доаѓа пролет, а улиците се празни!

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во истражната постапка  бев сведок на притисоци врз истражниот судија што влијаеше на неговата одлука да одреди мерка домашен притвор. Неколку рочишта се одложија поради  неспремност и недоставување на докази од обвинителството што укажува дека случајот се води од некои други центри- вели за Фактор, Владимир Куновски, кој е еден од обвинетите за демолирање на народната канцеларија на Ѓорге Иванов на протестите на 13 април  2016 година.

Иако судењето  требало  да заврши во кратка постапка, во рок од шеесет дена,  дури сега по речиси 21 месец од почетокот на процесот,  со трет судија се отвори главната расправа. Поради политички инструираната постапка,  како што вели очекува  судењето да  заврши евентуално до крајот на летото со позитивен исход.

“Нашиот случај е почнат кога режимот беше соголен и на заминување, па можеби релативно побезболно се пребродија сите случувања. Само за споредба, има повеќе десетици случаи со ослободителни или условни казни кои поминаа повеќе месеци (некои дури 37 месеци) во истражен затвор.Правдата во Македонија беше потоната во бермудскиот триаголник МВР- Обвинителство- Суд или конкретно со имиња Митко Чавков, Марко Зврлевски и Владимир Панчевски се најодговорните лица за неправдата во Р. Македонија во изминатите години. Сепак правдата е спора и од овој поган триумвират само еден е во истражен затвор, другиот исчезна од јавноста, а третиот се' уште е судија” – додава Куновски.


Правдата според него  е спора. Иако  полека  почнаа да се процесуираат предметите кои ги отвори СЈО, сепак смета дека иако бомбастично беа  најавени, ја изгубија острината во судските лавиринти поради опструкции , а допреа само на површината на најголемиот криминално-политички картел во историјата на Македонија.

“Главните криминални дејства чекаат да бидат откриени и процесирани и (С)ЈО има голема работа пред себе.Гледано историски, само за двајца политичари  има пресуда која е извршена. Одамна е јасно дека Љубен Арнаудов и Војо Михајловски "паднаа" како интерпартиски договор, а не само според законот и правдата. Пресудите за еден бивш премиер (В.Бучковски) и еден министер (Љ. Пауновски) се заташкаа и не се извршија, а најавените истражни постапки Надеж 1 и 2 за бившиот претседател Црвенковски фаќаат пајажина во некоја фиока. Никој веќе не го спомува случајот Телеком и пресудата од Њујоршкиот суд и наводната вмешаност на високи фунционери на ДУИ”- потенцира Куноски.

Сите актуелни постапки против високи политичари  смета дека ќе бидат показател дали ќе има правда и дали судскиот систем е независен. Главната борба како што вели ќе биде токму тука бидејќи политиката е рак кој е навлезен во сите пори на македонското општество и разврската со политичкиот криминал ќе биде клучна за враќање на демократијата во Македонија. 

“Реформите во судството беа најавени на голема врата и беа еден од главните стожери на планот 3-6-9 на владата. Требаше да почнат да се остваруваат од почетокот на 2018 г. но Советот за реформи славно се распадна, беше најавен нов, кој се уште не е почнат со работа. Истовремено со рокадата на судиите се направи уште поголема збрка во целиот правосуден систем. Од друга страна, сите имаа големи очекувања од новата власт, но работите во реалноста не одат така лесно, највеќе заради немањето идеи и изборот на  неквалитетни кадри на истурени позиции. Главната работа која изостана по формирањето на новата централна и локална власт е јасен декларативен рез со режимот на Груевски. Тоа требаше да биде основа за нов почеток и враќање на болното општество на  вистински колосек. Заедно со тој декларативен рез требаше да следи ставање на целиот државен апарат во режим на штедење од непотребни трошоци и негово целосно враќање во служба на граѓаните”- нагласува Куновски.

Денеска според него граѓаните послободно ги изразуваат своите ставови и критики упатени до креаторите на власта,институциите, системот,  но сепак дел од работите кои се однесуваат на суштински промени за достоинствен живот за граѓаните не се ниту  почнати.

“За возврат добивме пратеници кои лицитираат за патните трошоци, функционери на туристички патувања, уште една 500 милионска евробврзница.Сепак граѓаните се чувствуваат послободно и гласно ги кажуваат своите издржани забелешки”- потенцира Куноски.

Судењето за него  и двајца членови од Левица продолжува на 6 март. Тие се товарат  дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната канцеларија, за време на протестите против одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 лица – политичари и нивни соработници.Јавното правобранителство штетата ја процени на околу 8.500 евра.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“