05 Декември, 2025
0.0302

КУПЕНИ ПОМАЛКУ СТАНОВИ, НО „СВРТЕНИ“ НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ – стручњаците велат недостига концепт за урбан живот

Објавено во: Економија 22 Септември, 2025 08:59

Добивај вести на Viber

Вкупно 265,2 милиони евра биле свртени на македонскиот пазар со недвижности во период од април до јуни годинава, од кои 112,4 милиони евра се само за купување станови, покажува регистарот за цени и недвижности што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности. 

Во споменатиот период биле реализирани 5.388 купопродажби, при што е забележан пад од 329 купопродажби во споредба со првиот квартал годинава. Сепак, и покрај намалениот број на реализирани продажби, вредноста на истргуваните недвижнини се зголемила.

Па така, за споредба, во првиот квартал годинава вкупната вредност на трансакциите од купопродажба на недвижностите изнесува 251 милион евра, а притоа биле внесени 8.044 трансакции, од кои 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижен имот.

Податоците откриваат дека во период од јуни до крај на август биле направени 7.735 трансакции, кој ги опфаќа купопродажбите и закупите. Во извештајот е посочено дека во вториот квартал од вкупниот број купопродажби, 4.356 се продажба на недвижност, 754 се продажби од инвеститор или прва продажба, 242 се откупи од РСМ и 36 продажби се по пат на лицитација.

-  Во вториот квартал во регистарот на цени и закупи се регистрирани 754 продажби од инвеститор, од кои 676 се станови, 71 куќа, 5 гаражи и 2 деловни простора. Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите, односно продажби од инвеститор, со првиот квартал 2025, кога биле регистрирани 939 продажби на недвижности, односно продажби на новоградби, се забележува пад во вториот квартал за 185 новоградби – се посочува во извештајот.

Во него исто така е посочено дека има пад и кај продажбата на станови во вториот квартал во споредба со првиот, и притоа е забележано дека во вториот квартал се продале 178 станови помалку.

Според регистарските податоци најголема површина на продаден имот е во земјоделско земјиште и шуми во вредност од 22 милиони евра, додека најголема финансиска вредност достигнува продажбата на станови со гаражни места, над 112 милиони евра.

Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности во иднина. 

Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана. Веднаш зад неа е општина Гази Баба со 155 продадени станови, па следува општина Ценатар со 129 продадени станови. Четврта е општина Кисела Вода со 124 продадени станови, додека петта е општина Чаир со вкупно продадени 117 станови.

Најголем број продадени куќи има во Битола односно 60 куќи, потоа следува општина Карпош со 50 продадени куќи, па Куманово со 32 продадени куќи, а веднаш зад нив Ѓорче Петров со 31 продадена куќа.

Што се однесува до продажбата на деловен простор, најмногу продажби имало во општина Центар, каде се продадени 28 деловни простории. Најмногу земјоделско земјиште и шуми се продадени во Куманово – 80 продажби, а најмногу градежно земјиште е продадено во свети Николе – 50 продажби.

Во споменатиот период се продадени 150 гаражни места во повеќе општини.

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар каде стан од 96 метри квадратни е продаден по цена од 260 илјади евра или 166.563 денари за метар квадратен. 

Исто така во општина Центар во Скопје е достигната и највисоката просечна цена за продажба на станови и таа надминува 100 илјади денари за метар квадретен.

Еве колку достигнале просечните цени на становите низ општините. 

Градежниците истакнуваат дека покрај новоградбите важно е да има сериозен пристап и кон инфраструктурата и кон сите неопходни предуслови за убав урбан живот.  

Никола Велкоски, долгогодишен градежник и урбанист истакнува дека Скопје има сериозен проблем со инфраструктурата, и укажува дека движењето низ главниот град е отежнато поради недостигот на јавен превоз.

- На постоечката инфраструктура се градат многу нови згради што е причина за оптеретување на инфраструктурата, како на сообраќајната, така и на водоводната и останатите. Нужни се инвестиции во инфраструктурата, не само патишта, туку школи, добар јавен превоз и не само во центарот, туку во сите периферни населби, како што е Петровец на пример, сите населби кои се подалеку од центарот. Подобро би било луѓето да се насочат кон живеење вон центарот на градот, да се насочат кон периферијата, за да имаат луѓето удобен живот. Потребен е јасен концепт како ќе се развива градот, но општо останатите населени места во земјава – вели Велковски.

Тој додава дека е неопходно да се развиваат сите региони и токму тука може да помогне градежништвото, но со развој и на другите економски гранки, со цел да има работа за луѓето и да се овозможи живот насекаде, не само во неколку градови од земјава.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“