05 Декември, 2025
0.0409

„Купи куќа, купи стан“: Владата ќе дава неповратно до 15 илјади евра!

Објавено во: Македонија 12 Август, 2013 20:13

Добивај вести на Viber

Прво рокот за аплицирање беше продолжен и беше најавено дека ќе има нов кој ќе трае до крајот на оваа година, а денеска Владата објави дека се направени измени во субвенциите за проектот „Купи куќа, купи стан“. Со измените парите за половина учество, нема да треба да се враѓаат како за новите, така и за одобрените и искористени кредити во рамките на проектот. Според најавите од министерството за финансии, граѓаните отсега ќе можат да земат  неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа, додека тие што веќе аплицирале за половина учество и го добиле заемот, немаат обврска да го враќаат. Целта е да порасне интересот за купување стан или куќа со помош од државата вели вицепремиерот Зоран Ставрески за порталот Економски. „Ова е животна шанса за оние кои имаат некакви, но недоволни средства да добијат значителна сума и да се стекнат со сопствен дом“, вели Ставрески. Во случај на купување стан државата дава 50 отсто од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра. За купувањето или изградбата на куќа, каде што државата покрива 75 отсто од учеството, корисникот добива 15.000 евра за кредит од 50.000 евра, посочуваат од Министерството. Притоа бенефицијата важи ако корисниците се придржуваат на правилото исплатата на кредитот да ја вршат подолго од десет години. Како што истакнуваат во Министерството за финансии и моделот „Половина рата“ е  атрактивен. „Во „Половина рата“ за 50.000 евра кредит ратата изнесува 330 евра од кои корисникот плаќа само 82 евра, а државата 250 евра во првите пет години. Сите тие што плаќаат кирија од 100 евра месечно, можат наместо тоа да плаќаат 82 евра рата и да изградат куќа или да купат стан,“, посочуваат од Министерството. Проектот почна да се реализира во јануари минатата година. Барањата се поднесуваат во една од банките учеснички во проектот, за една од двете варијанти „Половина рата“ или „Половина учество“. Интересот за овој владин проект на самиот почеток беше исклучително слаб.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите