20 Декември, 2025
0.3614

Куповната моќ на Грците ќе падне ако се случи „Grexit“

Објавено во: Балкан, Економија 30 Јуни, 2015 12:56

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Грција ќе бидат погодени од 40 отсто пад во нивната куповна сила, ако земјата го замени еврото со претходна валута - драхмата, сметаат аналитичарите.

„Првично ќе има масовни распродажби, што ќе доведе до пад во опсег од 30 до 40 отсто во однос на доларот“, вели за „Bloomberg“ Нил Џонс, комерцијален директор во „Mizuho Bank Ltd“ во Лондон.

„Ќе дојде до нови историски падови“ ако се врати драхмата, додал тој.

Ризикот Грција да ја напушти 19-члената еврозона расте откако премиерот Алексис Ципрас свика референдум во врска со предлозите на доверителите за реформите во замена за финансиска помош. Иако за Џонс и аналитичарите од „ING Groep NV“ и „Credit Agricole SA“ оваа нај лошо сценарио не е основнoто, тие почнаа да мислат како драхмата ќе тргува, ако Грција излезе од монетарната унија.

Повеќе слабата валута може да помогне на грчката економија да порасне преку зголемување на извозот и повеќе инвестиции од странство. Овие потенцијални придобивки ризикуваат сепак да бидат компензирани од „структурно повисоките трошоци за финансирање“ за Грција, смета Валентин Маринов, раководител на истражувачките единици на „Credit Agricole SA“ во Лондон.

„Една од причините да се смета дека Грците сакаат да останат во еврозоната, и на крајот ќе го направат, е тешката економска цена која нивната економија ќе мора да ја плати во случај на Grexit“, изјавил Маринов.

Експертот пресметува врз основа на претходни финансиски и банкарски кризи, дека падот на грчките пари ќе е еднаков на 40% во однос на доларот во рамките на следните 12 месеци.

Грција го усвои еврото во 2001 година, и спаѓа во првиот бран од држави, кои се приклучија кон монетарната унија по почетокот во 1999 година. Досега ниту една земја не го напуштила блокот, со што нема и официјален механизам како точно тоа ќе се случи.

„Тоа ќе биде донекаде невидено, бидејќи се смета дека еврото е неповратен проект“, додал Нил Џонс. Враќањето на драхмата ќе биде „многу комплицирано, многу тешко, ќе потрае многу време“, забележува тој.

Шефот на единицата за монетарни стратегии на „ING“ во Лондон Крис Тарнер ја споделува тезата на Џонс и Маринов дека „Grexit“ не е најверојатното сценарио.

„Во светлината на излегувањето на Грција од еврозоната, мислам дека се очекувањата за 50% пад (на грчката валута во однос на доларот) изгледаат соодветни“, изјавил тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација