19 Декември, 2025
0.0946

ГО СЛЕДАТ ПРИМЕРОТ НА ЈОСИФОВСКИ: Членови на врвното раководство на „Макпетрол“ купуваат акции во фирмата

Објавено во: Економија 29 Март, 2016 08:26

Добивај вести на Viber

Ристо Јосифовски, член на управниот одбор во два наврати докупи 100 акции, а претседателот на надзорниот одбор Станко Веселински плати 10.000 евра за 36 акции. Се погласно се шпекулира дека можеби има некој заинтересиран за влез во „Макпетрол“ Членови на врвното раководство на „Макпетрол“ го следат примерот на Андреја Јосифовски, претседателот на управниот одбор на компанијата, и купуваат акции во најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати. Ристо Јосифовски, член на Управниот одбор и Станко Веселински, претседател на Надзорниот одбор на компанијата купија акции во „Макпетрол“, објави компанијата на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Ристо Јосифовски докупи 50 акции во период од 30 дена, како што пишува во соопштението, а е Веселински си купи 36 акции со право на глас. Јосифовски во период од три месеци купи 100 акции во „Макпетрол“ затоа што на 15 јануари на берзата имаше соопштение дека купил 50 акции со право на глас во таа компанија во која тој директорува. Тоа значи дека во периодот од почетокот на годинава до сега Јосифовски вложил над 1,7 милиони денари (над 27.000 евра) во управувачки права на фирмата. Веселински во своите 36 акции вложил барем 10.000 евра во управувачки права на компанијата со чиј надзорен одбор тој претседателствува. Дали сега може да се каже дека има тренд на купување акции во „Макпетрол“ од страна на членовите на неговите управувачки структури. Затоа што во последниве пет месеци акции докупуваат претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, за што веќе пишувавме, кој купи 150 акции со право на глас за што по пазарните цени на таа акција плати барем 45.000 евра http://faktor.mk/2016/01/18/andreja-josifovski-plati-45-000-evra-za-150-aktsii-vo-makpetrol-za-dva-mesetsi-zoshto/  Неговиот пример го следат и членот на неговиот управен одбор Ристо Јосифовски, но и човекот што ја одобрува работата на тој управен одбор, Станко Веселински кој е претседател на надзорниот одбор на компанијата. Веројатно овие настани, ги подгреваат неофицијалните информации, дека можеби „Макпетрол“ се подготвува за продажба? Засега не може да се даде каков било факт со кој ќе се потврди таа претпоставка, но нема ниту демант од компанијата дека се преговара со некој потенцијален инвеститор или партнер. Засега останува непознато кој е купувачот што на 3 март купи 834 акции со право на глас односно 0,74 отсто во една трансакција. Во официјалната база на податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност како единствен голем акционер останува командитното друштво ОИЛКО со посед врз своите 22,7 отсто од сите акции во „Макпетрол“. Акционерската структура и понатаму е многу уситнета затоа што 2.505 домашни физички лица поседуваат 67,07 отсто од акциите со право на глас во таа компанија, која лани за прв пат по три години покажа добивка во работењето.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар