Купувајте македонски производи-ама со сонце!
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2013 13:59
Денеска собраниската Комисија за економски прашања ја увиде потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за стандардизација, во прво читање, со кои се создава правен основ за уредување на формата, содржината и примената на промотивниот знак „Македонско сонце“.
- Воведувањето на овој промотивен знак за квалитет на извозните производи, но и за производите што ќе бидат пуштени на домашен пазар, ќе значи градење на национална препознатлива марка односно бренд. Со текот на времето производите треба да бидат препознатливи како на национално, така и на меѓународно ниво. Со ова би требало да се поттикне бизнис-заедницата да произведува што поконкурентни производи што ќе ги исполнуваат барањата за квалитет и безбедност и што ќе се пуштаат на пазарите во Македонија, во ЕУ и пошироко, образложи заменик-министерката за економија Катерина Веловска.
За добивање на националниот промотивен знакот – Македонско сонце, физичките и правните лица, според измените и дополнувањата, треба да ги исполнуваат неколку услови, односно да се регистрирани во трговскиот регистар што се води во Централниот Регистер на Република Македонија, да не е отворена стечајна или ликвидациска постапка и да поседуваат сертификат или друг документ со кој се потврдува дека производот е испитан од акредитирани тела и ги исполнува суштинските барањата за безбедност и квалитет.Денеска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





