Кузевска, Османи и Битиќи се негативни на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на Фејсбук објави дека е негативна на Kовид-19.
„Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи. На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести. На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување“, напиша Кузеска.
Таа беше во самоизолација поради контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска, чиј тест покажа дека е позитивна на коронавирусот.Вицепремиерот Бујар Османи е исто така негативен.
Советникот за економски прашања во владата на Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи на фејсбук објави дека неговиот тест на ковид-19 е негативен.