17 Ноември, 2025
0.0620

Кузмановски доби поддршка од колегите од Клиниката за неврологија по компромитирачкото видео

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2025 15:30

Добивај вести на Viber

Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски, кој како кадар на актуелната власт беше разрешен како директор, по објавеното видео кое алудира на „конзумација на кокаин“.

Во писмото се вели дека е испратено како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материал со кој „се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат, за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина“.

-Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за Проф. д-р Кузмановски, кој во текот на своето долгогодишно раководење со клиниката, од 2012 -2017, комплетно ја реновираше клиниката, воведе поеќе дијагностички методи и иновативни тераписки процедури. Во секојдневната работа со пациентите и во комуникацијата со колегите, секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност. Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди.

Дури и во ситуации кога се појавуваат сомнежи или јавни дискусии за постапки кои би можеле да се толкуваат како спротивни на моралните и етички принципи на докторската професија, неговото професионално функционирање останува непоколебливо, водено од интегритет и грижа за пациентите.

Во духот на медицинската етика и човековото достоинство, сметаме дека секој поединец, особено во моменти на јавна изложеност и лична ранливост, заслужува поддршка, разбирање и соодветна психосоцијална помош. Наместо осуда, неопходно е да се поттикне сочувство – не само кон професионалецот, туку и кон неговото семејство, кое невино се соочува со последиците од јавната реакција.

Со ова писмо апелираме за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина, стои во писмото со поддршка за проф. д-р Кузмановски од колегите од Клиника за неврологија.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ

САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот