05 Декември, 2025
0.1173

Квалитетна вода за пиење добија жителите и хотелските комплекси во Банско

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2013 14:38

Добивај вести на Viber

Жителите на населеното место Банско и хотелските комплекси од денеска имаат чиста и квалитетна вода за пиење. Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев го означи почетокот на функционирањето на новата бетонска таложница со монтираната хидромеханичка опрема на реката Воденичница и нејзино поврзување со постоечкиот цевовод спрема филтрите. Досегашната таложница немаше доволен капацитет за да ги задоволи потребите од квалитетни количини вода и затоа беше неопходно да се изгради нова таложница која ќе има доволен капацитет да врши квалитетно таложење на водата од реката. -Ова е многу значаен и драгоцен проект за жителите на село Банско, едно од поголемите населени места во нашата општина Струмица. Со овој зафат имаме заокружен процес на водоснабдување со квалитетна, бистра и здрава вода за пиење. Вредноста на оваа инвестиција на која сега стоиме е 3.731.768 денари, се работи за зафатнина на таложницата од 120 метри кубни со проток на вода од 25 литри во секунда.  Со изградбата на оваа таложница ќе доаѓа почиста вода на самите филтри, ќе се овозможи поквалитетно филтрирање и ќе се обезбеди повеќе количини на вода заради намалената потрошувачка на чиста вода за перење на филтрите. Досега при поројни дождови и голема потрошувачка на вода во Банско секогаш имаше проблеми, како со квалитетот на водата, така и со количините на вода. Со изградбата на оваа таложница и со целокупниот зафат на реката Воденичница, очекуваме дека за подолг период е решен проблемот со водоснабдувањето во селото Банско, рече градоначалникот Заев. Во ова населено место има околу 500 домаќинства со над две илјади жители.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите