26 Ноември, 2024
0.0265

Кворумот конечно е обезбеден, почна седницата за барањата на АМАН

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Конечно почна седницата на која треба да се расправа по иницијативата на АМАН за враќање на дневната евтина тарифа на струјата и да се дозволи граѓаните кои не добиваат услуги за парно греење да плаќаат за тоа. По два часа, во кои собранието не можеше да обезбеди кворум за работа, сега седницата е почната. Пред неколку дена Kомисијата за економски прашања го отфрли предлогот на АМАН со образложение дека доколку се врати дневната евтина тарифа, со тоа ќе се оптоварат електраните, дополнително, тоа ќе придонесе до зголемување на увозот на скапа струја, а со самото тоа ќе има и поскапување на електричната енергија. На комисиската расправа во прво читање, пратениците од албанска националност, ја поддржале иницијативата, додека  останатите гласале против. Заменик-министерот за економија Христијан Делев, на седницата на комисијата, објасни дека Македонија е потписничка на Договорот за енергетска заедница и не може да преземе еднострани чекори оти во него е одреден начинот на наплата на струјата на заедничкиот европски пазар. Се очекува пратениците на албанските партии во парламентот да го прифатат барањето на АМАН, а неизвесно е како ќе гласаат пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Македонска опозиција нема во собранието. АМАН веќе најави дека доколку предлогот денеска не мине, можно е да се собираат потписи за реферндум, на кој граѓаните непосредно би одлучувале за измената на законите со кои ќе се овозможи поевтини енергенси.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво