La Feerie: вистинскиот “виновник“ за спектакуларни свадби, родендени и приватни забави!
Објавено во: Економија 01 Јули, 2016 08:55
Кои се главните услуги кои La Feerie им ги овозможува на Вашите клиенти?
Ивона и Натали: Како што кажува нашето име: “Остварување на нивните соништа“, преку организација и декорација на свечености ( свадби, крштевки, веридби, девојачки, родендени за деца и возрасни). Нашата мисија е да испорачаме совршен настан.Ќе се погрижиме да го добиете идеалното место и најдобрите цени за кетеринг, шатори, музика, осветлување и тој простор да биде најубаво декориран соодветно на приликата. Тука сме да Ви помогнеме и за сите придружни работи во подготовката за настанот и специјалните изненадувања.Сакаме да бидеме Ваш партнер во една убава приказна на која со радост ќе се присетувате засекогаш!
Зошто според Вас е подобро да се ангажира компанија за организирање на настани, отколку тоа да се направи во сопствена режија?
Ивона: Секој си е професионален во својата област и дава се од себе да добие задоволен клиент, па така и ние. Ние стоиме позади многу организирани настани (свадби, родендени, веридби, домашни прослави, девојачки, дури и запросувања ). Како професионален тим соработуваме со најквалитетните компании во Македонија за осветлување, озвучување, поставување шатори, а исто така имаме и наши тимови за фотографирање, музичка група, шминка, фризура. Нормално дека со сите наши услуги што ги нудиме околу планирање, органзиирање и декорација за клиентите се намалува стресот, бидејќи го избегнуваат целото трчање низ град и трошење време бидејќи има некој друг да “го мисли“ и организира тоа за нив а тие своето време можат да го искористат за други важни обврски.
Натали: Нашата услуга се сведува буквално од почеток со планирање на настанот, целосно органзиирање и координирање, се до најситен детал. По желба на домаќините ние присуствуваме и за време на целата прослава, постојано “сме на работа“ и внимаваме како тече целиот план и “сценарио“ за настанот и сме тука ако треба да примениме некој план Б. Покрај намалениот стрес и намалено трошење време, ние како професионалци имаме повеќе идеи, поголем и подостапен број на понуди што секако на нашите клиенти ќе им овозможи да добијат услуги по повластена цена и со тоа да заштедат.
Каков е досегашниот фидбек од организираните настани? Што е она по што клиентите Ве препорачуваат најмногу.
Натали: Овој тип на работа најмногу “се рекламира“ сам од себе, со секој успешно реализиран настан. Нашата работа е наша најголема препорака, а задоволните клиенти – носат нови клиенти. Досега повеќепати сме добиле клиенти на сам настан што сме го организирале, што покажува дека нашата работа била видлива за гостите и тие посакале да ангажираат професионалци кои ќе се погрижат и нивната приватна забава да биде на високо ниво.
Ивона: Клиентите најмногу не препорачуваат поради нашата флексибилност, по начинот на соработка со нив, пријателски и професионален однос. На повеќето од нив им се допаѓа тоа што навистина имаме уникатни идеи и располагаме со богат материјал за работа. И по тоа што не наметнуваме нашии идеи, туку остваруваме нивни желби а со нивна дозвола вметнуваме наши предлози.
Кој настан досега Ви бил посебно драг?
Ивона: Секој настан го работиме со посебно задоволство, но доколку би морала да одвојам - мене еден од посебно драгите ми е веридбата на мојот брат. Исто така уживам и на секој детски роденден кога ќе ги видам задоволни лицата на дечињата.Непроцелниво е и чуството кога некоја возбудена невеста на свадба ќе влезе во салата и кога ќе ни каже, фала Ви...“баш вака и замислував“.
Натали: Верувајте дека сите настани ни се посебно драги и целосно уживаме и подеднакво се внесуваме за секој нов клиент. Секоја прослава има своја убавина. Детските родендени ете можеби би ги издвоила бидејки најсрекна сум кога ке имаме задоволни мали клиентчиња
На кој начин нашите читатели можат да стапат во контакт со Вас ?
Ивона и Натали: Сите читатели може да не контактираат преку фејсбук фан страната на LaFeerie на која можат да ги најдат и нашите телефонски броеви. Отворени сме за разговор и ги очекуваме Вашите прашања !
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




