ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Наредна недела доаѓа сибирски студ, во ноември снег и во градовите
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 06:00
Буквално сите прогностички материјали укажуваат на тоа дека во најголем дел од овој месец ќе имаме релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот, а нов ладен бран од Сибир Балканот ќе го зафати уште во почетокот на следната седмица и повторно ќе донесе невообичаено ладно време за октомври кога повторно растат условите за минусни температури и за појава на утрински мразеви. Не се исклучува можноста со овој нов ладен продор од Сибир следната седмица повторно да се создаваат услови за појава на врнежи од снег, особено на повисоките и на планинските места а не се исклучува можноста по некоја снегулка повторно да се појави и на местата со помала надморска височина, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Што се однесува до времето во ноември месец, исто така очекувам чести продори на ладен воздух од Сибир кон Балканот и Македонија како и температури кои ќе бидат околу, повремено и потпросечни за ноември. Ла Ниња е доста активна на Пацификот па токму поради ова имаме вакво невообичаено ладно време уште од октомври месец и со појава на врнежи од снег.
Судејќи според моменталните излези на прогностичките материјали, појава на врнежи од снег на повеќе пониски места може да очекуваме уште од месец ноември. Инаку, месец ноември на Балканот ќе биде поврнежлив со натпросечно количество на врнежи“, напиша тој.
Инаку до недела може да уживате во релативно убавото време пред да дојде сибирскиот бран.
До недела 12 октомври. под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, додава Попоски.
„И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 8 и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Николовски: Под ризик се 100 милиони евра од ИПАРД по вчерашното апсење
ОД ДРАЧЕВО ДО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА 13 МИНУТИ - од следна година мај или јуни стартува „Градскиот воз“
Не е од Харвард, од Охрид е: Светски портали пишуваат за охриѓанецот кој создава роботи и ја дефинира иднината на светот
Директорот на земјоделската платежна агенција Стоилев изведен пред судија,му биле ветени 50.000 евра мито
ПОЗАЈМИЛЕ 80 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, А „НАПЛАТИЛЕ“ НАД 700.000: уапсени лихвари од Кавадарци
„ОНА ШТО ГО ПОЧНАВМЕ ВЧЕРА НЕ Е МАРКЕТИНГ, ТУКУ ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА КОГА СЕ САКА, СЕ МОЖЕ“: Ѓорѓиевски тврди дека така ќе продолжи
„ДЕЛУВА СМЕШНО, НО СЕ ДОВЕДОВМЕ ДО ОВАА СИТУАЦИЈА“: Мицкоски за акцијата за чистење
Даме Димитровски, советникот на Мицкоски, избран за претседавач на Советот на Град Скопје





