La Scolca ја донесе италијанската винска елеганција во Скопје
Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2025 13:50
La Scolca ја донесе италијанската винска елеганција во Скопје Вчера вечер ресторанот Salvatore во Скопје беше центар на едно вистинско гастрономско и винско доживување. Во организација на Alchemist, љубителите на врвното вино имаа можност да присуствуваат на ексклузивниот Wine Tasting & Food Pairing настан со вината на престижната италијанска винарија La Scolca, со повеќе од еден век историја.
Настанот го збогати присуството на г-ѓа Chiara Soldati, извршен директор на La Scolca и четврта генерација наследник на семејната винарија. Таа не е само чувар на традицијата, туку и симбол на женско лидерство во светот на виното – жена која со визија, елеганција и инспирација ја води La Scolca во современиот вински свет.
Под нејзиното водство, винаријата обединува вековна традиција со модерна извонредност, претворајќи го секое шише во искуство што се ужива во најпрестижните ресторани, хотели и јахти низ светот. Гостите на настанот имаа можност да уживаат во дегустација на четири внимателно одбрани вина од винаријата La Scolca, меѓу кои и прочуеното Gavi dei Gavi. Вината беа претставени со цел да се долови нивната автентичност, свежина и препознатлив стил – во совршен баланс со специјално мени подготвено од шеф Џовани, кој со своите кулинарски креации внесе вистински италијански дух.
Во свечена и емотивна атмосфера беа доделени подароци за почитувани клиенти и
инфлуенсери, како знак на благодарност за нивната доверба и долгогодишна
поддршка.
Настанот беше обележан со елегантна атмосфера, исполнета со вкусови, ароми и
моменти што ќе се паметат долго. Гостите ја доживеаја магијата на La Scolca и уште
еднаш се уверија дека вината се повеќе од пијалок – тие се културно наследство,
традиција и симбол на животен стил.
Ова е само уште еден доказ за успешната и исклучителна соработка меѓу
Alchemist и La Scolca – соработка која ја носи италијанската винска култура,
елеганција и традиција поблиску до љубителите на виното во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење
Energy Delivery Solutions Инфо Поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 07 ноември изнесува 124,47 евра за мегават час, на МЕМО 138,01 евра за мегават час
Групацијата Иуте ги објави резултатите за 9 месеци од работењето во 2025 - Позитивен тренд на сите финансиски параметри, стабилен и одржлив развој и подобрена ефикасност во сите сегменти на работењето
Есенски Планови, Есенски Трошоци? Време е за Промо Кредит!
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.M. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ 5.540.729 ДЕНАРИ
Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Романот „Џинџуџе“ е потрага по вистината, убавината и добрината
Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“
Debit Mastercard Business – нова деловна картичка од Комерцијална банка за динамични бизниси





