05 Декември, 2025
0.0423

ЛАДЕН АСФАЛТ, КАНТИ, СТОЛПЧИЊА: Ѓорѓиевски вели дека се работи низ целото Скопје

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2025 14:25

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Фејсбук се пофали дека градските екипи работат низ целото Скопје, изведувајќи тековни интервенции и мали поправки на уличната инфраструктура.

„Во овој момент се работи на повеќе места низ целата територија на Скопје. Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците – тоа се брзи и неопходни зафати поради зимските услови“, објави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој најави дека напролет, кога временските услови ќе дозволат, Градот ќе се насочи кон темелна и целосна реконструкција на коловозите, со фокус на долготрајни решенија и подобрување на патната инфраструктура.

Паралелно со тоа, во тек е поставување на заштитни столбчиња на тротоарите со цел тие да бидат повторно достапни за пешаците. Ѓорѓиевски потенцира дека тротоарите не смеат да се користат како паркинг-простор и најави дека градските власти нема да толерираат такви случаи.

Дополнително, во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно се поставува нова урбана опрема – клупи, канти и други елементи – за да се внесе повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.

„Овие тековни зафати се само увертира во големите проекти што следуваат. Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува“, порачува градоначалникот Ѓорѓиевски.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец