Лагард: ММФ може да учествува во „сеопфатен“ пакет кој ќе ја стабилизира Грција
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2015 11:11
Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјавила дека фондот може да земе учество во „сеопфатен“ пакет кој ќе ја стабилизира економијата на Грција, да се направи грчкиот долг одржлив и да им овозможи на земјата да добива средства од финансиските пазари, пренесе „Ројтерс“, цитирајќи интервју на Лагард за француско радио.
На прашањето на новинарите дали ММФ ќе учествува во третиот спасувачки план за Грција, Лагард изјавила дека фондот сака да види „сеопфатна“ програма во однос на Грција.
„Овој сеопфатен пакет има два столба - грчки, кој ќе води до сериозни реформи во економијата на Грција и втор - од страна на кредиторите, кој ќе води до одржување финансирање и реструктуирање на долгот“, изјавила Лагард.
Истовремено таа повторно додала дека смета на олеснувањето на долгот на Грција за потреба. Според нејзините зборови веројатно ќе е доволно, ако рокот на отплата на кредитите биде продолжен.
Претходно германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле појаснил во писмото до претседателот на Бундестагот (Долниот дом на парламентот на земјата), дека ММФ нема да учествува во плаќањето на првата транша од планираната трета спасувачка помош за Грција. Се очекува траншата да биде префрлрна во средината на август, според писмото во кое Шојбле повикува парламентот да ги одобри започнувањето на преговорите за трета спасувачка програма за Атина.
Во документот на Шојбле прецизира дека, сепак, ММФ ќе се вклучи во подоцнежната фаза за успешно завршување на првата проценка на програмата во есен и потврда за устоичивоста на грчкиот долг.
Според директорот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Петер Алтмаиер кој во четвртокот учествуваше во ток-шоуто на германската телевизија „ZDF“, управниот директор на ММФ Кристин Лагард „даде многу јасна порака да се разбере дека ММФ нема да се повлече“ од спасувањето на Грција.
Се очекува денеска германските пратеници да дадат „зелено светло“ за почеток на преговорите за трета спасувачка програма за Грција, иако Шојбле повторно го стави под прашање успешниот крај. Парламентот на Австрија исто така ќе гласа денеска за договорот на трета спасувачка програма за Грција.
Претходно во петок, пак, претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум најави за време на вонредната седница на холандскиот парламент дека има широк договор за потребата од учество на ММФ во идните спасувања на Грција. Истовремено, тој ги повика разговорите за евентуален „Grexit“ да бидат прекинати.
„Сигурно ќе бидам многу среќен ако приказните за можно излегување на Грција од еврозоната запрат“, изјавил Диселблум. „Би сакал да можеме да зборуваме за враќање на Грција повторно на вистинскиот пат и тоа е целта со оваа програма“, додал тој, мислејќи на третиот спасувачки план за земјата.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




