Лагард: Можно е ММФ да ја смени програмата за помош на Ирска
Објавено во: Свет 08 Март, 2013 15:25
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) отворен е за измена на програмата за помош за Ирска, за да може таа презадолжена земја-членка на евро зоната да може да се врати на пазарот на долгорочни обврзници, изјави денеска директорката на ММФ, Кристин Лагард.
Таа во Даблин истакна дека ММФ е отворен за прашањата за условите и роковите за отплата на заемот.
Министрите за финансии на Европската унија минатата недела побараа од тројката кредитори (ММФ, ЕУ и Европската централна банка) да донесат одлука за продолжување на роковите за отплата на заемите одобрени на Ирска и на Португалија.
„Ние ќе ги разгледаме предлозите заедно со партнерите (ЕУ и ЕЦБ), а можам да кажам дека е императив да и се помогне на Ирска“, истакна Лагард.
Ирска се надева дека ќе стане прва земја на евро зоната која ја завршила програмата за помош и во целост се врати на пазарот на обврзници. Даблин кон крајот на 2010 година, во време на глобалната финансиска криза, прими пакет помош, откако големите државни долгови ја доведоа економијата до работ на колапсот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




