17 Април, 2024
0.0244

Лани 100 милиони евра не чинеле загубите на електрична енергија, дел и поради „дивите“ крипто-рудари

Објавено во: Економија 12 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра, а една од причините е и крадењето струја со компјутери „мајнери“ кои го оптоваруваат системот заради копањето криптовалути.

Анализата покажува дека три години по ред процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13,4 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.

Операторот на електродистрибутивниот систем - ЕВН Електродистрибуција, согласно своите обврски, заради покривање на загубите, во 2021 од трговци и снабдувачи набавил 916.381,6 мегавати по просечна цена од 6.607 денари, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. 

Во однос на една година претходно, зголемено е количеството на загуби за речиси 59.000 мегавати, а згора на тоа, просечната цена за покривање во 2020 била речиси двојно поевтина - 3.330 денари. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само една година подоцна повеќе од двојно.

- Неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, велат од ЕВН Електродистрибуција.

Од таму додаваат дека не може да се добие прецизен одговор со колкаво учество во загубите влегува и т.н. копање криптовалути на недозволив илегален начин, затоа што не се познати крајните потрошувачи.

- Зголемувањето на загубите е евидентно особено во скопскиот регион. Енергијата што се губи во суштина не се мери и не се знае кој е крајниот потрошувач. Ова подразбира дека не може да се добие одговор на прашањето колкав е уделот на загуби предизвикан од копање криптовалути во вкупните загуби, ниту пак може да се прогнозира, дополнуваат од операторот на мрежата.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека зголемените загуби се должат на зголемената нето потрошувачка на електрична енергија, но и дека во самото зголемување на потрошувачката како една од причините е експанзијата на крипто-рударењето.

Што се однесува на учеството на потрошената електрична енергија при производство на криптовалутите во загубите во електродистрибутивната мрежа не може со точност да се каже и тоа од неколку причини. Најпрво за да влијае производството на криптовалутите во загубите во електродистрибутивната мрежа потребно е внатрешниот приклучок од објектот до електродистрибутивната мрежа да е нагалено приклучен, или да е извршено делумно или целосно премостување на мерниот уред  со дел да се оневозможи целосно регистрирање на потрошувачката на електричната енергија. При утврдување на бесправното користење на електрична енергија од страна на екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, овластените лица немаат пристап во внатрешноста на објектите и да  констатираат дали кражбите на електрична енергија се целосно или делумно за производство на криптовалути или пак воопшто не се за криптиовалути, гласи одговорот што го добивме од РКЕ.

Од регулаторот дополнително додаваат дека единствени решенија кои може да се донесат се одобрувања на дислокација на броила. Исто така со цел да се намалат комерцијалните загуби во електродистрибутивната мрежа, кај објектите на потрошувачите се монтираат броила со можност за далечинско отчитување и исклучување.

Медиумските информации за минатата година покажуваат дека над 120 пријави поднела полицијата за кражба на струја, додека во текот на минатата година бројката достигнала до 250 пријави за неовластено користење на електричната енергија. Струја се крадела насекаде – како во поголемите, така и во помалите градови и места. Штетата која што е предизвика е огромна, особено во време на енергетска криза, кога треба да се штеди буквално секој потрошен киловат час струја. 

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?