18 Декември, 2025
0.3238

Лани 150 милиони евра кај земјоделците

Објавено во: Економија 11 Август, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во годишниот извештај за работата во 2021 објави дека во текот на минатата година Европската унија учествувала со 7.121.000 евра во грантовите од ИПАРД програмата за македонските земјоделци и претприемачи.

Од националното кофинансирање исплатени се 2.355.000 евра, што значи дека вкупно висината на неповратните грантови што ги добиле 457 корисници изнесува 9.475.000  евра.

Набавка на модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, како и поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата.

Овие средства се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, масти и вино.

Агенцијата од националната програма исплатила 90 милиони евра заостаната финансиска помош која инаку требало да биде префрлена на нивните сметки од претходната година, а најмногу од овие пари биле предвидени како помош за набавка на трактори.

За набавка на „зелена нафта“ биле потрошени 2,5 милиони евра, а слична сума е исплатена и како помош за осигурување од штети.  Околу 28,2 милиони евра добиле земјоделците како субвенции за растително производство.

На крајот агенцијата исплатила 150 милиони евра по сите основи за земјоделството, или поточно 9,120 милијарди денари.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа