Лани на одмор во Бугарија, годинава во Јордан – бериќетна летна сезона за туристичките агенции!
Објавено во: Економија 26 Април, 2013 08:18
Економската криза имаше влијание и во туризмот. Од туристичките агенции велат дека кризата најмногу се почуствувала минатата година, кога токму поради лошата економска состојба граѓаните барале поблиски и поевтини дестинации.
-Изминатата година се почувствува ефект од кризата, односно се бараа поевтини дестинации како Грција, Бугарија, Албанија. Годинава бидејќи рано започнавме со резервации за Турција, со авионски превоз и со услугата “се` вклучено”, може да се каже дека е подобрена ситуацијата со буџетите на клиентите, кои ги одделуваат за патувања, како за летните, така и за редовните програми кои ги организираме за време на празниците. Секоја година се зголемува интересот за летување во Турција, Македонците патуваат, задоволни сме со досегашната побарувачка и продажба на аранжмани. Очекуваме поголем интерес по завршувањето на училишната година за учениците и студентите, објаснуваат од Фибула
Но и покрај кризата ид агенциите велат дека бројот на аранжманите не се намаил, туку напротив се зголемил.
- Секако дека и туризмот како целина е погоден од економската криза и истата има влијание на нашиот пазар, особено во куповната моќ на граѓаните. Бројноста на аранжманите не се намали, напротив има нагорен тренд, а тоа се должи на намалувањето на цените за услуги кои ги плаќаат туристите кај нас. Тоа успеавме да го постигнеме со дампинг цени, кои нашите долгогодишни партнери во земјава и странство ни ги гарантираат, без притоа да биде намален квалитетот на услугата, вели Дарко Мустриковски од туристичката агенција Фалкон.
Во однос на цените на аранжамните, од туристичките агенции велат дека нема некои драстични промени, односно цените се идентични како и лани, со мали измени за некои дестинации. Речиси во сите туристички агенции оваа година има намалување на аранжаманите за Грција, a дел од агенциите минимално ги имаат зголемено цените за Турција особено за аражаманите со понудата “се вклучено”
Иако сеуште е рано да се каже каква ќе биде годинешната летна туристичка сезона, според првичните проценки на агенциите и фактот што годинава има голем број на резервации кои се направени многу порано од лани, од ова лето очекуваат поголем профит за разлика од минатата година.
Ј.С
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




