Најмногу се градат станови, спортски сали и деловни објекти!
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2013 08:27
Изминатите две години не е изграден ниту еден хотел или сличен објект за сместување. Поголемиот дел од хотелите, особено во главниот град, се во фаза на изградба. Само во центарот на Скопје за некое време ќе почнат со работа три хотели од познати странски брендови. Но затоа статистиката лани и во 2011 година регистрирала зголемен број на изградени деловни згради, гаражи и згради за сообраќај, и тоа многу повеќе во 2012 година отколку во 2011 година. Сепак во убедливо водство е изградбата на спортски сали и згради за разонода на поблика, за образование или згради за институционална грижа. Лани се изградени и две историски згради, два музеја и пет згради за богослужби.
Градежни објекти и извршени градежни работи 2011/2012 година
Вредноста на градежни работи во нискоградбата во 2012 година изнесува 4,5 милјарди денари, додека во 2011 година 4,3 милјарди денари. Бројките покажуваат дека лани во споредба со претходната 2011 година се изградиле повеќе патишта и улици, но помалку автопати, мостови и брани. Нема никакви градежни работи во железничкиот и аеродромскиот сообраќај.
Според статистичките податоци, лани просечната продажна цена на становите за метар квадратен, како и трошоците за градење, споредено со претходните години бележат намалување.
Просечни цени за кои е договорена изградба од деловни субјекти
Лани се изградени 6.433 станови, а во 2011 година 5.254 стана. Најголем број од становите се трособни, потоа следуваат двособни, петособни, четворособни, а најмалку се граделе еднособни станови.
Од вардарскиот регион најмногу станови се изградени во Велес 116, Кавадарци 63, Свети Николе 34, а најмалку во Демир Капија и Градско. Во истиочниот дел од земјава во водство е Кочани каде што лани се изградиле 214 станови, потоа Штип 130, Берово, Виница, Делчево. Најмалку станови се граделе во Македонска Каменица и Чешиново - Облешево.
Охрид со 579 изградени станови во 2012 години води во југозападниот регион, по него следуваат Кичево, Дебар, Македонски Брод. Струмица е на прво место по изградени станови во југоисточниот регион, а Битола во пелагонискиот регион. Зад овие градови не заостануваат Куманово од североисточниот регион со 394 изградени станови лани и Гостивар од полошкиот регион со 171 стана. Сепак лани најмногу станови се изградени во Скопје 2.231, и тоа најголем дел се во општините Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Гази Баба и Сопиште.
Стаистиката лани регистриала зголемување на вредноста на потрошените градежни материјали и енергија на гардежните компании. Така во 2011 година вредноста изнесувала 7,7 милјарди денари, додека лани 9,2 милјарди денари.
Минатата година зголемување бележи вредноста на договорените и извршени градежни работи во странство, а од друга страна помал е бројот на странски земји со кои домашните компании имале склучено договори.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





