06 Декември, 2025
0.0329

ЛАНИ ОСТВАРИЈА ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА, НО ГОДИНАВА РАБОТАТ СО ПОРАЗЛИЧНО ТЕМПО – успешната прилепска компанија со намалена добивка

Објавено во: Економија 04 Август, 2025 09:25

Добивај вести на Viber

Една од поуспешните македонски компании од почетокот на годината не покажува исти достигнувања како минатата година, што е за изненадување бидејќи во 2024 имаа неверојатен раст на приходи. Според најновиот финансиски извештај за првото полугодие, Мермерен комбинат Прилеп за периодот од почетокот на годината до крајот на месец јуни оствариле приходи од продажба во износ од 796.724 илјади денари што претставува намалување за 14,31 отсто споредено со истиот период од минатата година.

-  Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 346.397 илјади денари, што споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2024 година во износ од 536.976 илјади денари претставува намалување за 35,72 проценти.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година изнесува 413.706 илјади денари, а наспроти остварениот износ од 610.726 илјади денари во истиот период од минатата година покажува намалување за 32,29 отсто.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 310.665 илјади денари и претставува намалување од 35,65 отсто споредено со остварената добивка за истиот период од минатата година (30 јуни 2024: 482.537 илјади денари) – се појаснува во извештајот на Мермерен комбинат доставен до Македонска берза.

Од компанијата објаснуваат дека има зголемување од 31,38 отсто на трошоците на продадените производи и услуги, кое се припишува на ликвидацијата на стари залихи, поточно, фабричките залихи стари над 10 години кои останале непродадени во претходните години.

-  Оваа залиха носеше големи историски трошоци и еднократното расчистување материјално влијае на структурата на трошоците.

Оперативните расходи за периодот се повисоки за 5,65 отсто во однос на остварените во истиот период од минатата година. Од оперативните трошоци најголем дел отпаѓа на трошоците за вработени, кои во периодот покажуваат зголемување од 11,29 отсто споредено со истиот период минатата година. Евидентирано е намалување на трошоците за надворешни услуги за 29,39 проценти – се појаснува во извештајот.

Раст на трошоците имаат забележано и кај трошоците за енергија, суровини и материјали, кои се втор најголем трошок за Друштвото и кои достигнале 8,23 отсто.

Сепак, од Мермерен комбинат на крајот на месец мај биле исплатени дивидентите за акционерите.

-  Согласно со Одлуката од Собрание на акционери од 30 мај 2025 година, дел од добивката од 2024 година во износ од 691.780 илјади денари се распределува за исплата на дивиденди. Во периодот заклучно со 30 јуни 2025 година Друштвото исплати дивиденди на своите малцински акционери во вкупен нето износ од 66.737 илјади денари и 7.409 илјади денари данок на исплатени дивиденди – се потенцира во извештајот.

Компанијата нема значителни вложувања или продажба на материјални средства, додека вкупните кредитните задолжувања на Друштвото изнесуваат 2.030 илјади денари и бележат намалување од 19,38 отсто во однос на состојбата во последните годишни ревидирани финансиски извештаи, како резултат на редовна отплата на обврски по финансиски лизинг.

-  Друштвото склучи договор за подкредит од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва реализирана преку Развојна Банка на Северна Македонија, во износ од 154.000 илјади денари, со каматна стапка од 1,95 отсто годишно декурзивно, рок на отплата до 12.04.2035 година, вклучувајќи грејс период од 2 (две) години. Средствата од кредитот ќе се користат за изградба на нови фотоволтаични електрани. До 30.06.2025 година не беа повлечени расположивите средства од кредитот – се укажува во извештајот, во кој е напоменатао дека во периодот што следи, Друштвото останува посветено на стабилно и профитабилно работење.

За споредба минатата година Мермерен комбинат ја заврши годината со добивка од 15 милиони евра, при што забележа раст од 8 проценти во однос на претходната 2023 година.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?