19 Декември, 2025
0.0526

Лавров и Кери склучија договор пред очите на Брисел – кој ќе го спрoведува?

Објавено во: Свет 18 Април, 2014 13:01

Добивај вести на Viber

САД, Русија, Украина и Европската унија (ЕУ ) се согласија по однос на планот за деескалирање на тензиите во Украина. Средбата на дипломатите во Женева започна со мали очекувања, но по седум часа интензивни преговори министрите за надворешни работи се договорија за воведување на серија од конкретни чекори. "Сите земји треба да се воздржат од какво било насилство, заплашување или провокативни дејства. Учесниците на средбата категорично ги осудуваат и отфрлуваат сите манифестации на екстремизам, расизам и верска нетолеранција, вклучувајќи и антисемитизам", се наведува во заедничката изјава. "Сите нелегални вооружени групи треба да бидат разоружани; сите незаконски одземени згради треба да бидат вратени на нивните законски сопственици; сите нелегално окупирани улици, плоштади и други јавни места во украински градови треба да бидат ослободени", пишува во соопштението. Државниот секретар на САД Џон Кери коментира дека договорот е израз на "добрата работа во текот на денот", но дека тој ќе има мало значење, ако не го следат активности од сите земји кои треба да ја смират ситуацијата. Тој посочи дека ако САД и ЕУ не го видат напредок, ќе следат нови санкции против Руската федерација. Договорот предвидува и амнестија за демонстрантите, вклучувајќи ги и оние кои зазедоа згради на украинската власт, под услов да ги ослободат и да го предадат оружјето. Исклучоци ќе има само за уличните злосторства. Организацијата за безбедност и соработка во Европа ( ОБСЕ ) ќе има водечка улога во спроведувањето на договорот . " САД, ЕУ и Русија се обврзува да ја поддржат оваа мисија, вклучувајќи преку обезбедување на набљудувачи ", пишува во соопштението. Предвидено е веднаш да започне и широк национален дијалог во Украина, кој ќе ги опфати сите региони и политички поддржувачи, за да се даде можност за јавен коментар и предлози за промени во Уставот на земјата. Во документот сепак не се споменува ништо за присуството на речиси 40 илјади руски војници до руско- украинската граница, забележува Washington Post. Документот е во спротивност со последните настани во источна Украина, дополнува весникот. Пријавени се барем тројца проруски сепаратисти, кои биле застрелани во судирите со владините сили. Во Москва рускиот претседател Владимир Путин, пак, изјави дека рускиот парламент ги одобрил воените дејствија во источна Украина. Сепак Путин истакна дека се надева ситуацијата да се реши преку дипломатија. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, коментира дека учесниците на денешната средба се согласиле на понатамошни средби и продолжување на дијалогот. Лавров повика за децентрализација на власта во Украина и пренесување на повеќе надлежности кон регионите, како и за посилни позиции за рускиот јазик. Украинските претставници се согласија да обезбедат поголема автономија на регионите, но само ако Русија ги повлече војниците од границата и престане со обидите за дестабилизација на источниот дел на земјата. САД и нивните европски сојузници ја обвинуваат Москва дека ги поддржува и финансира сепаратистите во Источна Украина, откако минатиот месец го анектираше Крим, потсетува весникот. Русија пак инсистира дека промената на власта во Киев во февруари претставува недозволен преврат. Следната недела потпретседателот на САД Џо Бајден ќе ја посети Украина, за да ја изрази солидарноста на неговата земја кон Киев. Оттука натаму фокусот ќе биде на тонењето економија на источноевропските држави поради заканите на Русија да престане снабдувањето со природен гас. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците