13 Мај, 2024
0.0223

Лазарополе затрупано со отпад-одлично!

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ако во Македонија депониите се сериозен еколошки проблем, Швеѓаните би биле среќни да имаат малку повеќе отпад. Според Амбасадорот на Кралството Шведска, Ларс Валунд, отпадот е многу скап, од него се произведува топлиска енергија,а во Шведска има општини што се борат да имаат што повеќе отпад. Сепак забележа Амбасадорот, во Македонија има места затрупани со отпад.  Како пример го посочи Лазарополе и нагласи дека собирањето на отпадот е одговорност за секој поединец. Затоа со помош на шведски експерти изминатиов период се реализираше проектот „Градење на капацитетите за имплементирање на ЕУ директивата за депонии – затворање на нестандардните депонии и инспекција“. На денешниот завршен настан, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми  информираше дека во рамки на проектот подготвен е план за затворање на нелегалните депонии во земјава и додаде дека македонски и шведски експерти, излегле на терен и учествувале во подготвка на предлог текстот за Планот.

Се спроведоа и обуки за Државниот инспекторат за животна средина врз основа на шведското искуство за инспекција на депонии за комунален отпад, рече Адеми, нагласувајќи дека соработката со Кралството Шведска придонесе кон еколошки одржлив развој на нашата држава и полесна интеграција со европските структури.