19 Декември, 2025
0.0361

Леарница кај Пробиштип: Странска инвестиција, нови работни места, а платите?

Објавено во: Економија 27 Јули, 2016 11:40

Добивај вести на Viber

Локалните жители велат дека стравуваат од загадување и жестоко се противат на изградбата на тешка индустрија од ваков вид на оваа локација, особено поради фактот што леарницата како суровина ќе користи секундарно железо.

Во најавената изградба на  леарницата „Кранфилд Фаундри“ ќе се леат делови за монтажната, железничката и автомобилската индустрија. Оваа инвестиција според вчерашните најави на екс премиерот Никола Груевски вреди 15 милиони евра и истата се очекува да отвори 250 до 300 вработувања.

Зоната во која се гради е кај „Неокази на околу 1,5 километри од Пробиштип.

Платите се тајна

И овој пат молк од надлежните колкави плати ќе им даде оваа странска компанија на вработените.

Но освен лицитацијата со бројките за нови работни места, нема одговор на прашањето колку ќе бидат платени вработните во Гентерм.

Според дел од истражувањата платите на вработените во десеттина странски компании во земјава изнеуваат околу 260 евра. Недоамна и од Советот на странски инвеститори потврди дека платите во зоните се за стотина евра пониски од просечната плата во државата. Но посочуваат дека ако се направи споредба исклучиво со секторите кои се застапени во зоните, како автомобилската и компјутерската индустрија, отстапувањето од фирмите надвор од зоните е минимално.

Од Здружението на млади истражувачи (ЗМАИ) наведуваат  дека просечната месечна нето-плата на вработените во компаниите во зоните во 2014 година изнесувала 19.981 денар, наспроти 22.696 денари во 2013 година, потенцирајќи дека во овие плати се вклучени и менаџерските плати. Според податоците од финансиските извештаи за работењето на компаниите, највисоки плати има во Џонсон Мети и во Вистеон Електроникс, компанија која најави затворање на погонот во Македонија до крајот на годинава. Просечната плата на вработените во овие две компании била нешто повеќе од 30.000 денари, но и тука се вклучени платите на менаџерите.

Од Советот на странски инвеститори посочуваат дека нивните анализи покажале оти платите на вработените во зоните се незначително пониски од платите во домашните компании, но споредбата е направена само со истите сектори. Па така нето-платата на ниво на Македонија во индустриите кои што ги земале за споредба изнесувала 17.555 денари во домашните компании, додека во зоните е 16.143 денари. Но, за разлика од домашните компании кои не добиваат државна помош, странските инвеститори добиваат низа бенефиции од државата. Тие се ослободени од разни даночни, царински и комунални давачки, дополнително добиваат и субвенции од државата. И со овие осолобудувања компаниите во зоните даваат пониски плати од домашните компании. Но и по осум години институционална тајна остана која странска компанија колку државни субвенции добила.

Економистите посочуваат дека властите мора да водат сметка и да следат дали странските компании ги исполнуваат ветувањата, бидејќи добиваат државна помош од народни пари.

-Државата е должна да проверува дали странските компании што имаат преференцијален статус на инвеститори во слободните зони ги исполнуваат обврските во поглед на големината на инвестицијата или бројот на отворени работни места, бидејќи врз основа на тоа тие добиваат субвенции, односно државна помош. Доколку странските компании не ги исполниле обврските мора да бидат санкционирани или во најмала рака да бидат условени да ја добијат државната помош откако ќе се утврди дека ги оствариле ветувањата, вели академикот Абдулменаф Беџети.

Едно од истражувањата на Центарот за економски анализи покажа дека едно работно место во зоните во периодот од 2007 до 2014 години ја чини државата 21.000 евра. Истото истражување покажува дека седум странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош од 56 милиони евра.

Граѓаните се против оваа инвестиција

Многумина ја пренесоа информацијата за новата инвестиција но сепак мналкумина го кажаа мислењето на граѓаните. Локалните жители велат дека стравуваат од загадување и жестоко се противат на изградбата на тешка индустрија од ваков вид на оваа локација, особено поради фактот што леарницата како суровина ќе користи секундарно железо.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар