19 Декември, 2025
0.0681

ЛЕБ 170 ДЕНАРИ, ЛИТАР ВОДА 300, ДОМАТИ 400 ДЕНАРИ - цените на Копаоник повисоки и од Алпите

Објавено во: Балкан 14 Декември, 2022 12:27

Добивај вести на Viber

Започна зимската сезона на српските планини, а со тоа и сезоната на објавување шокантни цени од тамошните ресторани.

Така е и деновиве, кога еден посетител на својот твитер профил од Копаоник ги шокираше корисниците на социјалните мрежи. Како што може да се види на фотографијата која беше објавена на „Твитер“, сметката е издадена во петокот на 9 декември.

Целата сметка била 27.445 динари (околу 14 илјади денари), но не се знае колку гости јаделе и испиле за тие пари.

Од сметката се гледа дека се нарачани 13 парчиња ракија, но и вода и кока-кола, а на неа има и нарачки за храна. Па така од сметктие може да се види дека лосос чини 2.900 динари (1.450 денари), додека прженото пилешко е 1.490 динари - 750 денари. Литар вода е 595 динари (300 денари), а цената на газиран сок е 390 динари (190 денари).

Ракија е 340 динари (170 денари), домашен леб ги чинел 350 динари (175 денари), салата од домати 800 динари или 400 денари, кисела зелка 350 динари или половина 175 денари.

Сметката предизвика лавина од реакции. Луѓето навалија со жешки коментари на социјалните мрежи.


- Скоро некому му објаснував дека и од крајот на осумдесетите на Копаоник се е x3 во однос на подножјето на планината... плус таа ракија во Бетон сала е околу 500 динари, така што ова реално не е многу.

-Толку вода испиле, и се чини дека сè нема.

- Потценување е да се каже дека ова е дрскост и фалење.

- Цени како во НС.

- Не е многу ако ги погледнеме белградските цени и белградските плати... ако некој од Лесковац или Владичин Хан сакал да си замине со својата плата, тоа е друга приказна.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен