05 Декември, 2025
0.0789

Легализација на дивоградби: роковите течат!

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2013 09:18

Добивај вести на Viber

Истекува рокот во кој граѓаните кои имаат поднесено барање за легализација на дивоградби, ќе мора да ја комплетираат целата документација. Остануваат уште 11 месеци рок во кој сите што сакаат да легализираат некаков објект – ќе мора да ги имаат обезбедено геодетските елаборати, и сета останата потребна документација. По завршувањето на тој рок, јуни 2014 година, повеќе не ќе може да се легализираат дивоградби.    Најмногу барања за легализација на дивоизградени објекти има во Куманово, скопската општина Гази Баба и Прилеп. Според податоците, во изминатите две години, кога започна процесот на легализација на дивоградби поднесени се вкупно 344.410 барања за легализација. Од нив одбиени се 497, а уважени 42.947 барања и најголемиот дел од нив веќе ја имаат завршено целата постапка со впишување на имотот во Агенцијата за катастар, стекнувајќи се со сопственост. Сепак за најголемиот број од вкупно поднесените барања за легализација, односно за околу 230.000 барања постапката е прекината и се чека комплетирање на документацијата. „За предметите каде е прекината постапката, а кои се најбројни, беа направени законски измени, со цел да се забрза процесот. Постапката се прекинува во случаи каде доставената документација до општините не е комплетна и истите можат да продолжат со легализацијата само откако ќе се достават потребните документи. Со оглед дека надлежните констатираа дека лицата кои поднеле барања за легализација, најчесто доцнат со доставувањето на геодетските елаборати кои се составен дел на документацијата, а која согласно Законот е потребна за утврдување на фактичката состојба и комплетирање на постапката, беше направена законска измени, односно се даде конкретен рок од 18 месеци (сметајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти), во кој геодетските елаборати ќе мора да се достават. Крајниот рок за доставување  на геодетските елаборати во сите предмети каде недостасуваат е јуни 2014 година“, велат надлежните.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите