Легализирани 129 трактори во Неготино и Демир Капија
Објавено во: Агробизнис 18 Февруари, 2013 11:51
Вкупно 129 сопственици на трактори од Неготино и од Демир Капија ги легализирале своите трактори, од стартот на законското решение за легализација на механизацијата која нема соодветна документација, информира Златко Пенков, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Неготино.
„Постапката за утврдување на сопственички статус отпочнува со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд со соодветна документација. Судот во рок од три дена го известува ресорното министерство со барање преку огласните табли да информира за поднесениот предлог“ информираат од подрачната единица. Според Пенков, Министерството во рок од три дена го доставува предлогот до соодветната подрачна единица која пак во рок од 24 часа го објавува на огласна табла. Објавувањето на известувањето од судот трае 30 дена. Доколку во тие 30 дена не се јави некој кој писмено ќе докаже сопственост на соодветниот трактор, судот во рок од 15 дена донесува решение за легализација.Граѓаните можат да поднесат документи за легализација до 10 април оваа година
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





