Добивај вести на Viber
Нови 62 решенија за легализација на дивоградби денеска беа доделени во Прилеп. Според соопштението од општината, со ова продолжува процесот на легализација на бесправно изградените објекти.
За овие предмети е доставена комплетна документација, во кое е предвидено да се достави Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето.
Доделувајќи ги новите решенија Градоначалникот Ристески уште еднаш изрази задоволство од големиот интерес што го покажаа прилепчани за оваа владина социјална мерка за докажување на сопстевеноста за нивните дивоизградени објекти.