ЛЕГИЈА: Гардата на Аркан постои и ден денес
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2018
Српската доброволна гарда на Жељко Ражнатовиќ Аркан, која во 90-те учествуваше во борби во вооружени судири во БиХ и Хрватска постои и ден-денес, тврди Милорад Улемек Легија.
Тој не открива со што се занимава таа гарда денес. Исто така тврди и дека Аркан куќата на Дедиње ја добил на покер.
Тој во својата нова книга „Во гнездото на тигарот“ открива дека навистина се смешни информациите дека „тигрите“ од гардата на Аркан, во војна оделе само за да ограбуваат фрижидери, шпорети и видео рекордери.
– Не е точно дека гардата ја основале криминалци. Гардата ја основаа српски патриоти кои не се жалеле себеси да застанат во одбрана на српскиот народ. И ден-денес кон Гардата има неправда така што таа се нарекува паравоена формација. Тоа не е точно.