24 Јануари, 2025
0.0292

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Компаниите постигнуваат успех благодарение на ресурсите и способностите што ги имаат, а улогата на основачот или менаџерот и неговиот тим е да ги дефинира, развива и да ги користи на најдобар можен начин, со цел да се постигне успех на пазарот. Многу луѓе веруваат дека идејата е клучот за успех на бизнисот, а ова е веројатно една од најчестите заблуди поврзани за него. Има мал милион нешта кои ја создаваат целокупната слика за успех...

Fashion Group е една од водечките модни компании кај нас. Дводецениското траење на пазарот е потврда за успехот кој секогаш е во подем. Оваа голема компанија беше меѓу првите во самостојна Македонија која донесе светски познати модни брендови, а нивниот број до денес расте. 

Леонид Антиќ е член на Управен одбор на Fashion Group. Исклучително паметен, со лидерски карактеристики, секојдневно придонесува компанијата да оди чекор напред пред другите. Со него разговараме на многу теми поврзани за бизнисот, за приватноста, за животните предизивици...

ЖМ: Скоро две децении Fashion Group е една од водечките модни компании кај нас и пошироко. На што се должи успехот?

- Во ерата на хипер-конкуренцијата, успехот во корпоративниот свет и долгогодишната оддржливост во истиот се комплексна равенка со многу варијабли, но, верувам дека нашата успешна приказна најчесто се темели на три бедеми.

Првиот, е здравата корпоративна култура која ја дефинира и сочинува човечкиот фактор, нашите беспрекорно лојални и стручни тимови. Повеќе од 350 колеги кои својата работа ја извршуваат со апсолутна професионалност, посветеност и големо задоволство, како и 30 продавници и повеќе од 70.000 лојални корисници. Корпоративна култура која поттикнува работливост, транспарентност во комуникацијата, меритократски евалуации, емпатија, креативност, несебично споделување на корпоративното знаење и искуство, но, и непрестаен стремеж за континуирана надградба и достигнување на нови цели.

Вториот е ефикасната организација и контрола на секојдневните оперативни процеси која постојано го следи актуелниот технолошки стандард. Во свет кој е се повеќе дигитализиран и се побрз, а „retail fashion“ сегментот е олицетворение на овој нов дух. Оперативните одлуки се носат во се помал временски рок, податоците се со растечки обем, а барањата на клиентите се поперсонализирани. За да се одговори на овие предизвици, но и за да се следи објективно квалитетот на работата е неопходна адекватна методологија на следење, која секогаш се трудиме да е поддржана од најновите технолошки унапредувања.

Третиот се сите надворешни соработници на Fashion Group групацијата, кои неуморно и долгогодишно ги подржуваат нашите напори, и се сопатници во нашата успешна, 20-годишна приказна.

Трите, се взаемно инклузивни и неопходни. Корпоративната култура е „душата“ на компанијата која е еден збир на одредени колективни вредности кои се негуваат и поттикнуваат. Организацијата и систематизацијата пак, гарантираат одредено ниво на квалитет кое го испорачуваме сите овие години. Надворешните соработници ја комплетираат целокупната слика, надополнувајќи ги нашите капацитети секаде каде што е потребно.

ЖМ: Изминатите години поставивте навистина високи стандарди во retail секторот во Македонија... Како успевате да се задржите на врвот?

- Она што јас сум имал прилика да го посведочам од прва рака е постојан и силен стремеж на сопствениците кои во раните почетоци го предизвикуваат „status quo“-то. Успешното уривање на тогашните стигми дека модната индустрија кај нас нема потреба од развој или дека истиот не може да го издржи (економски/инфраструктурно) е воедно првиот чекор на Fashion Group, но и доказ дека навистина во Македонија оваа индустрија е значајна за популацијата.

Овој „mindset“ го наследуваат сите понатамошни генерации на наши колеги, и истиот се’ уште го материјализираат преку нивната работа. Поставениот стандард е висок, но еднакво е задоволството во работата како и желбата истиот да се задржи, но и надмине.

Секако, како што спомeнав погоре, визиите, идеите и креативниот ентузијазам не се доволни без ефикасна организација на работните процеси, нивното следење и на крај, адекватно уважување на квалитетно изработеното.

Целото интервју можете да го прочитате на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија