18 Декември, 2025
0.1531

ВО СКОПЈЕ СНЕГ ДО 15 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува голем снежен бран веќе од викендов

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Снежниот бран во Македонија ни е загарантиран и тој доаѓа веќе од овој викенд, и ќе трае до почетокот на следната седмица. Станува збор за навлегување на голем влажен воздушен бран од југ  и југозапад кон нашата територија, во исто време од север ќе се спушта многу ладен воздух кој ќе услови големо заладување на времето и засилен ветер од северен правец, пишува Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено со пообилни врнежи кои полека насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег, па така насекаде во Македонија, вклучивајќи го и Скопскиот регион, како и котлината ќе се формира снежна покривка. На повеќе места ќе се формира позначителна снежна покривка со висина од над 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри (во градовите), додека на планините  и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу едно метро.

Во Скопје и околината се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, можно е и повеќе, а на околните планини таа ќе биде значително повисока.

На Метеоролошката карта можете да видете дека снег ќе има насекаде во Македонија со овој голем снежен и ладен бран.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде наутро ќе се спуштаат под нулата, а и дневните температури на многу места ќе се движат близу или околу нулата, локално и под нулата, а за неколку степени над нулата температурата ќе се движи во крајните југоисточни предели од Македонија. На повисоките населени места, како и на планините и секако на Скијачките центри, температурите постојано ќе бидат под нулата“, пишува Попоски.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје