ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ДО ТРАМП: Границите не смеат да се поместуваат со сила
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2025
Германија и Франција го предупредија aмериканскиот претседател Доналд Трамп да не се заканува на Гренланд, откако тој изјави дека не ја исклучува можноста за употреба на воена сила за преземање на автономната територија на Данска.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја… без разлика дали е мала или моќна“.
„Границите не смеат да се поместуваат со сила. Овој принцип важи за секоја земја, без разлика дали е на исток или на запад. Во разговорите со нашите европски партнери, постои нелагодност во врска со неодамнешните изјави од САД. Јасно е: Мораме да застанеме заедно“, вели германскиот канцелар Олаф Шолц.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „очигледно не станува збор за тоа дека Европската унија им дозволува на другите нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници“.
Во вторникот, Трамп ја повтори својата желба да го купи Гренланд, велејќи дека арктичкиот остров е „критичен“ за националната и економската безбедност на САД.