ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мијалков е снимен со црвено „ферари“ во Монако
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2025
МИЈАЛКОВ Е СНИМЕН ВО МОНАКО
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е забележан во Монако, пред луксузен хотел со црвено „ферари“ вредно неколку стотици илјади евра.
Комплетната снимка е објавена на Инстаграм, а на социјалните платформи се споделува делот каде тој излегува од автомобилот и влегува во хотелот.
Видеото можете да го видите тука.
Мијалков е на црната листа на САД од поодамна. Тој доби 24 годишна затворска за делата „Империја“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“ и „Плацови на Водно“.ГРУБИ ЌЕ ДОБИЕ ОТКАЗ ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
Започната е законската процедура за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да добие отказ на Тетовскиот универзитет, откако пребега во непознат правец по отворањето на коруптивниот случај со „Државна лотарија“.
Инаку Груби е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, на факултетот во Тетово, а според ТВ Алсат, отказот ќе го добие поради неразумно отсуство.
Актот го потврди деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули,кој вели дека отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство.ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ПОРАСНАЛЕ
Заводот за статистика ги објави инфлаторските текови за месец декември, а со тоа и споредбите на растот на цените за 2024 во однос на претходната година. Трошоците на животот во минатата година бележат пораст од 3.5 отсто, односно цените на мало од 3.8 отсто.
На месечно ниво во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.3 проценти.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6 проценти, Здравје за 5.3 отсто, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Министерството за транспорт на последниот ден од минатата година, за да ги испочитува роковите, на Јавното претпријатие „Државни патишта“ му префрли околу 38,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изведувачот на автопатите од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д.Македонците очигледно се подготвени да ја платат секоја цена само да дојдат до свој дом. Иако, спротивно на сите очекувања, цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, интересот за купување или поседување сопствен дом, односно сопствен стан не стивнува.