05 Декември, 2025
0.0404

Лејди Гага донира 1 милион долари за жртвите од „Сенди“

Објавено во: Стил 08 Ноември, 2012 14:35

Добивај вести на Viber

Американската пејачка Лејди Гага, која во моментов е на турнеја во Јужна Америка, вети дека ќе даде 1 милион долари на Црвениот крст за помош на жртвите од ураганот„Сенди“ во Њујорк, нејзиниот роден град. „Ако тоа не беше Њујорк, Ист Сајд, Харлем, Бронкс и Бруклин, јас немаше да станам она што сум сега“, рече Гага. „Ви Благодарам, Вие го изградиле мојот живот. Сега е време јас да Ви помогнам да си го вратите Вашиот назад", изјави таа за жителите на градот каде се роди и го помина своето детство. Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Германота, ова ветување го даде во свое име како и во име на нејзиното семејство. Црвениот крст, по налетот на „Сенди“, кој направи големи штети во Њујорк и Њу Џерси на 29-ти октомври, досега има собрано донации во висина од 103 милиони долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: