25 Март, 2025
0.0279

„Лејса Украинка“: Секојдневното гранатирање на цивилната инфраструктура на Харкив е се поинтензивно, меѓународната заедница може да го смири рускиот агресор

Објавено во: Свет 27 Мај, 2024 19:16

Добивај вести на Viber

Нов ден... За некои почеток на нов живот, за други почеток на одмор, интересно патување, вселување во нов дом, часови на училиште или факултет... Но не и за жителите на Харкив, кои секој ден слушаат експлозии, гледаат смртни случаи, повредувања, бараат свои роднини и најблиски меѓу списокот со исчезнати. И ова лудило трае веќе трета година, откако Владимир Путин одлучи да започне таканаречена „специјална воена операција“, иако всушност тоа се нарекува руско-украинска војна. Сурова, крвава војна која ги убива и осакатува невините жители на Украина.

Можете ли да замислите живот со секојдневни воздушни тревоги? На 25 мај, на пример, воздушната тревога во Харкив траеше повеќе од 20 часа...Што може да почувствува човек во тој момент? Посебно жена, дете... На тој ден, руските трупи четири пати нанесоа удари со бомби и ракети врз Харкив. Рано утрото војниците на Кремљ извршија удар врз лицеј, а малку подоцна фрлија две наведувани бомби врз градежниот хипермаркет „Епицентр“. По некое време, уште една воздушна бомба беше лансирана кон централниот парк за култура и рекреација (за среќа, истата не експлодираше). Четвртиот удар беше нанесен вечерта врз  еден од градските квартови кој има многу станбени згради.

Беше слободен ден, голем градежен супермаркет во кој се наоѓаа голем број луѓе во него и одеднаш беше погоден од руска бомба, па уште една. Поради ударот настана пожар на површина од 15.000 квадратни метри. Според последните податоци, се знае за најмалку 16 загинати, околу 50 ранети, повеќе од 20 исчезнати.

Погледнете ја фотографијата од ова дете, осумгодишно украинско момче прави ДНК тест за меѓу загинатите, меѓу остатоците и пепелта да го идентификуваат неговиот татко, вработен во градежниот супермаркет, кој не се врати од работа тој ден. „Се плашиме дека за да ги бараме посмртните останки и да ги идентификуваме починатите, ќе треба да просееме низ пепелта“, рече комесарот на истражниот оддел на полицијата.

Руските воздушни бомби и ракети ги лансираат против цивилни згради во Харкив, граѓанскиот живот на градот, против жителите, против децата и жените. Зградата на хипермаркетот целосно изгорела, пожарот не можел да се изгасне 16 часа.

Што му треба на Путин? Всушност, диктаторот на Кремљ сака само едно - да ги уништи Украинците, да ги уништи мирните градови, да постигне масовна миграција на цивилното население, а сето тоа за да ги задоволи своите „империјални амбиции“ за освојување на нови земји.

Агресорот сака целосно да ја уништи станбената и индустриската инфраструктура на Харкив со прилагодливи воздушни бомби, да го направи непогоден за живеење. Ракетно-бомбашките напади врз градот имаат за цел да посеат паника меѓу цивилното население и да ги принудат на бегство. По што офанзивните единици на руските окупаторски сили планираат со напад да го заземат опустошениот, напуштен Харкив.

Русија мора да биде поразена, смирена и изолирана, инаку злото што произлегува од Москва ќе се прошири понатаму низ целата планета и ќе биде предоцна да се поправи било што! „Задоволство им е да палат. Сите знаеме со кого си имаме работа. Со Русија раководат луѓе кои сакаат да направат норма за палење на животи, уништување на градови и села, делење на народите и бришење на националните граници со војна“, ова се зборовите на претседателот на Украина, Владимир Зеленски,за време на посетата на местото на уште една трагедија во Харкив. https://youtu.be/lclroxx68Xs?si=CWA5W1j_S4MYJgBD

Светската заедница мора да го покаже своето лидерство во приближувањето на толку долгоочекуваниот мир, а чекор кон тоа ќе биде учеството на Глобалниот Самит за Мир, кој ќе се одржи за помалку од еден месец (15-16 јуни во Швајцарија). Своето учество веќе го потврдија повеќе од 80 земји, кои навистина сакаат да се вклучат во решавањето на еден глобален проблем - запирање на неиспровоцираната руско-украинска војна, која може да прерасне во трета светска војна доколку агресорот не биде запрен. Прашањата што ќе бидат разгледани на Конференцијата на високо ниво се исклучително важни за сите – тоа се нуклеарната, енергетската, прехранбената безбедност. Покрај тоа, на глобалниот настан ќе биде изработена таканаречена „патна карта“ преку чија имплементација ќе може да се постигне сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право. Дискусиите ќе се засноваат на формулата за мир на претседателот Владимир Зеленски.

Во рамки на иницирањето на Самитот за мир, Украина ѝ ја покажува на целата заедница својата желба да стави крај на војната врз основа на меѓународното право и универзалните човечки вредности. Ова е суштински различно од барањата на Русија, кои ги одразуваат нејзините неоимперијалистички цели. Меѓународните партнери и Украина се должни да направат се што е можно за да се порази рускиот агресор, затоа поважна од кога било е поддршката за Самитот за мир од сите земји преку лично водство и учество на него.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА МУ Е ПОМАЛКУ ОД 5 ЕВРА, НО ОВОЈ ПРОИЗВОД E ЧЕСТА МЕТА НА КРАДЦИТЕ: Ова е причината зошто толку многу го крадат

ЦЕНАТА МУ Е ПОМАЛКУ ОД 5 ЕВРА, НО ОВОЈ ПРОИЗВОД E ЧЕСТА МЕТА НА КРАДЦИТЕ: Ова е причината зошто толку многу го крадат

НЕ ЗАПИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Дали злосторство на Екрем Имамоглу е тоа што го победи Реџеп Таип Ердоган на изборите?

НЕ ЗАПИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Дали злосторство на Екрем Имамоглу е тоа што го победи Реџеп Таип Ердоган на изборите?

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ИМААТ ВОЗАЧКА ВО НЕКОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЕУ ги менува правилата

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ИМААТ ВОЗАЧКА ВО НЕКОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЕУ ги менува правилата

СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН - луѓето на Трамп по грешка ставиле новинар во доверлива група и му откриле детали за воените планови

СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН - луѓето на Трамп по грешка ставиле новинар во доверлива група и му откриле детали за воените планови

ПРОМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ! Нема веќе фалсификување, еве што ставаат во него

ПРОМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ! Нема веќе фалсификување, еве што ставаат во него

ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме

ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме

ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина

ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ВО БЕЛГОРОД: Сакаат да му покажат на непријателот дека не е безбеден

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ВО БЕЛГОРОД: Сакаат да му покажат на непријателот дека не е безбеден

ДУРИ 100.000 ЛУЃЕ ГОДИШНО УМИРААТ ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКА: Предизвикуваат тешка зависност

ДУРИ 100.000 ЛУЃЕ ГОДИШНО УМИРААТ ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКА: Предизвикуваат тешка зависност