Лекар од Србија советува населението да се вакцинира побрзо пред да се појават нови соеви
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Април, 2021
Лекар од Србија советува населението да се вакцинира, инаку постои опасност.
Осумдесет и петгодишниот лекар, Назим Нокиќ вели дека вакцинацијата мора да се одвива побрзо за да не се појават нови соеви. Тој во 1972 година за времe на епидемијата на големи сипаници во Југославија бил лекар во Нови Пазар.
„Вакцината воопшто не беше доброволна, туку мораше. Постоеше организација која функционираше беспрекорно. Полицијата им помагаше на здравствените работници. Ние бевме како војска“, се потсеќа Нокиќ во разговор за Нова.рс на борбата против вариола вера.
Во Нови Пазар пак првата доза против Ковид-19 ја примиле околу 8.700 граѓани, од вкупно 100.000 жители.
И сега се вакцинирал против Ковид-19 со кинеската вакцина затоа што таа била на располагање на пунктот каде бил.
„Да можев да бирам јас сепак би примил од некоја од западните вакцини. Верувам во науката и мислам дека нема теорија некој да пушти да се вакцинира прво неговиот народ, па потоа сите со ред, а тоа да може да наштети. Сепак да биде без никакви реакции, тоа не е разумно да очекуваме. Науката го ограничила тоа, колку што можело да се ограничи“, вели Нокиќ.
Во Србија вакцинирано е нешто повеќе од 16 отсто од населението. Според најновите информации во Србија има 4.133 новозаразени со коронавирус, а тестирани се 13.909. Починаа уште 38 лица или вкупно досега 5.422. На респиратор се 297 пациенти, од вкупно 7.749 што се лекуваат во болница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.